• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
Убавина 0

The Body Shop, брендот што носи промени, пристигна во Македонија

Од stylist @StylistMKD · На март 2, 2023

6

„Бизнисот го обликува светот и има моќ да го менува општеството“, велеше дамата Анита Родик, основачка на бунтовниот британски бренд на козметика инспирирана од природата, The Body Shop, кој влегува на македонскиот пазар. Нивната концептуална продавница, лоцирана во „Скопје Сити мол“, се отвори синоќа со дебата насловена „Убавина што носи промени”, откако претходно 15 жени, мажи, девојки и момци, продефилираа со транспаренти на кои беа испишани пораки за љубов кон себеси, кон заедницата и кон планетата.

„Љубовта кон себеси е нашата супермоќ“, „Убавината е надворешен израз на сè што ти се допаѓа кај тебе“, „Реупотреби. Наполни. Повтори.“, „НЕ за производи тестирани на животни“, „ДА за веганска убавина“… ова се само дел од пораките кои беа пренесени преку „Маршот на убавината“. Во рамките на дебатата, пак, дискутираа повеќе инфлуенсери, новинари, активисти и јавни личности, а ја модерираше авторката, феминистка и некогашно ТВ-лице Ана Јовковска. Беа отворени повеќе прашања на овие теми, на пример што значи љубов за себеси, како се справуваме со притисокот на општеството во поглед на стандардите за убавина и како индустријата за разубавување да се промени за да биде одржлива и да остава помал отпечаток врз околината и живиот свет.

Ваквото отворање воопшто не е изненадување за љубителите на брендот во чија приказна, која трае повеќе од 40-години, се вткаени многу битки за позитивни промени, за човекови права, за заштита на животните и околината и промовирање љубов кон себеси.

4

Моќта на убавината што носи промени

Водена од филозофијата дека бизнисот треба да е сила што носи позитивни промени и од желбата да живееме во пофер и поубав свет, Родик ја отвора првата продавница на The Body Shop во 1976 година во Брајтон, Англија, со само 25 рачно направени производи, инспирирани од природата. Таа сакаше да изгради бренд кој ја истражува околината со страст, љубезност и љубопитност и да почне револуција втемелена на љубов. Нејзината мисија беше да создаде бизнис кој го негува човековиот дух, инспирира активизам и ѝ дава на планетата повеќе отколку што зема од неа. И успеа во тоа.

Со повеќе од 3.000 продавници во 80 земји и над 700 производи, денес The Body Shop е вистински глобален бренд. Нуди висок квалитет, нега на кожа, коса и декоративна козметика инспирирани од природата, создадени етички и одржливо. Со активизмот во својата ДНК, The Body Shop продолжи да бара социјална правда секаде каде што тргува, што му донесе поддршка од цели генерации вработени и потрошувачи, кои ги делат истите вредности.

7

Моќта на природните состојки

Како што растеше The Body Shop, Анита Родик патуваше околу светот за да пронајде функционални природни ресурси и притоа учеше за ритуалите на убавина и за таинствени состојки што се користат во различни краишта. The Body Shop и денес чувствително тргува со мудроста и со богатството на природата. Сите нивни вредни природни состојки како еделвајс, шеа и чајно дрво се етички и одговорно одгледани и купени. Секој производ раскажува приказна.

Потрошувачите во Македонија ќе добијат можност да пробаат некои од најдобро продаваните продукти, како ултра богатиот шеа-путер за тело создаден од состојки добиени од партнерите од Гана, преку Програмата за фер-трговија со заедницата, моќното прочистувачко масло од чајно дрво добиено од Кенија или, пак, дневниот серум-концентрат Еделвајс, еден од најбараните производи, кој ја измазнува и ја заштитува кожата од агресорите на околината.

12

Планетата на прво место

Како посветен двигател на позитивни промени, The Body Shop ги моделира своите продавници, вклучително и новата во Скопје, врз база на стратегијата на брендот да го минимизира сопствениот отпечаток врз околината. Продавницата во „Сити мол“ е изградена од 100% рециклирано дрво и рециклирана пластика коja требало да заврши на депонија, како и од цинк и алуминиум, нискоенергетски метали кои може неограничено да се рециклираат. Концептот на продавницата, како дел од локалната заедница, е да биде интерактивен простор кој ги охрабрува луѓето да ја истражат сетилната раскошност на природниот свет додека разговараат за прашањата што им се важни.

Реупотреби. Наполни. Повтори

The Body Shop знае дека малите дејства може да направат разлика и токму затоа има мисија да ја направи секојдневие амбалажата за повторно полнење. Купувачите може да набават алуминиумско шише од 300 милилитри, наменето за повторно полнење, и да го полнат со некој од најбараните гелови за туширање, шампони, кондиционери и течни сапуни.

Вработените во продавницата секогаш се пријателски расположени и подготвени да им помогнат на купувачите, и да ги запознаат со сите аспекти на продавницата, со приказните на производите и со рециклираните материјали во кои се спакувани. Едуцирани се да дадат стручен совет за грижа за телото, кожата и косата, како и за шминка, персонализирано за секој купувач.

11

На официјалното отворање присуствуваше и Џулија Смит, заменик-амбасадорка на Обединетото Кралство во нашата земја, која заедно со Ана Крстевска-Каламадевска, генерален менаџер на The Body Shop Македонија, ја пресече лентата.

- The Body Shop секогаш отворал теми и почнувал дискусии. Сакаме оваа продавница да биде токму тоа – место каде што луѓето ќе се чувствуваат добро и ќе споделуваат задоволство затоа што прават позитивна промена – вели Крстевска-Каламадевска.

Брендот најавува и скорешно отворање на е-продавница, која ќе им ги доближи производите на The Body Shop на потрошувачите од целата земја.

5

Трговија со принципи

The Body Shop е првиот малопродажен козметички бренд кој уште од 1978 година води Програма посветена на фер-трговија (Community Fair Trade). Нивната цел е да формираат долготрајни партнерства со одгледувачите, кои ја споделуваат амбицијата на The Body Shop да бидат двигатели за позитивни општествени промени. Денес брендот набавува висококвалитетни состојки, но и подароци, додатоци и амбалажа од голем број снабдувачи низ светот.

Заедно со Avon, Aesop и Natura, The Body Shop е дел од Natura&Co, глобална повеќеканална групација која е посветена на генерирање позитивни економски, општествени и еколошки промени.

2

8

The Body Shopкозметиканегаубавина
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • eucerin калеидоскоп

    Најлесната и најефективната формула за заштита од сонце

  • sinclair Убавина

    Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

  • 1 eucerin Убавина

    Искуство: Борбата со хиперпигментацијата се претвори во уживање за изедначен тен и сјајна кожа

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • METGALA

    Црвениот килим на Мет Гала 2025 во знакот на машката облека во контекст на црнечкиот дендизам

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025
  • ???

    Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

    март 26, 2025

Култура

  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025
  • vidik

    Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“

    април 2, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics