• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

THE BOSS IS BACK – премиера на новиот BMW X5 во Македонија

Од stylist @StylistMKD · На ноември 13, 2018

bmw-x5-m car 1.1

Оригиналниот BMW X модел, BMW X5е помоќен, подинамичен, технолошки понапреден, но и поудобен од сите своите предходници

Годината на BMW X моделот, достигнува уште еден врв. По претставувањето на првиот BMW X2 и новиот BMW X4, новото издание на оригиналниот BMW X модел е сега подготвено за акција. Спортски, а лукзузен,помоќен и подоминантен од кога било,новиот BMW X5 ја доживеа својата македонска премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар во својот продажно сервисен центар во Скопје, ја претстави четвртата генерација на моделот BMW X5.

Првиот BMW X5 беше претставен уште во 1999 година. Во меѓувреме, BMW X5 и целото семејство BMW X модели испишаа уникатна успешна приказна. Првата генерација на BMW X5, предокот на сите SАV возила, веќе има продадено околу 620.000 возила насекаде низ светот.  Во втората генерација, продажбата се зголеми на речиси 730.000 возила. А со третата генерација, оваа бројка се искачи на 760.000 возила. Со повеќе од 2,1 милиони возила продадени досега, BMW X5 го оправдува својот прекар „ТHE BOSS“и евидентно е неговото значење за брендот BMW. Денес, новиот BMW X5 е на пат да го отвори следното поглавје на оваа успешната приказна со уште помоќен и динамичен дизајн, удобност и најголем избор досега на системи за помош за возачот, со кои прави чекор поблиску до автоматизираното возење,изјави Билјана Колемишевска, на официјалната промоција.

bmw-x5-m car 6

Четвртата генерација BMW X5 импресионира со изобилство иновации и го претставува најубедливото отелотворување досега, на познатото оригинално SАV возило: моќен и доминантен X дизајн, екслузивна внатрешност, нагласена спортска активност како и многубројни карактеристики што ги нагласуваат X комфоротот и удобноста.

Тој е прв модел на брендот кој може да се отклучи со BMW DIGITAL Key преку паметен телефон. Исто така, за прв пат кај BMW X5 се воведува BMW Live Cockpit Professional (вклучен како стандарден) кој претставува доследен чекор кон целосна дигитализација и ја нагласува модерната внатрешност. Возачот ги има соодветните информации во секоја ситуација, во вистинското време на контролниот дисплеј и на целосно дигиталниот инструмент кластер – и двата со големина од по 12,3 инчи.

Сето ова е проследено со просторната внатрешност што им нуди на патниците не само луксузен комфор при патувањето туку највисок степен на функционалност. Најголемите новости во овој дел се системите на потпирање со кои уште поинтензивно и поспецифично можат да се оптимизираат комфорот, спортското чувство и теренските перформанси.

bmw-x5-m car 9

Повеќе информации за возилото: 

Нов BMW Live Cockpit Professional дисплеј и систем за контрола е вклучен како стандарден

Новиот BMW Operating System 7.0 дисплеј и концепт за контрола – за првпат претставен во најновата генерација на BMW X5 – се фокусира на контрола на оптимизирано внимание. Со неговото јасно прикажување и структурирање, плус приспособливите и персонални дисплеи, им ги дава на возачите вистинските информации во вистинско време. Во неговата стандардна примена што е во основата на BMW Live Cockpit Professional системот, тој е составен од инструмент кластер и контролен дисплеј (и двата со големина од 12,3 инчи).

Дизајн кој зрачи со моќна сигурност и авторитет

Растојанието меѓу оските што е за 42 mm подолго од она на неговиот претходник (сега 2.975 милиметри), зголемувањето во должината на возилото од 36 mm (на 4.922 милиметри), дополнителните 66 mm ширина (сега 2.004 милиметри) и 19 mm зголемување во височината (на 1.745 милиметри ) му даваат на новиот BMW X5 импозантен изглед и завидлив простор во внатрешноста.

Највпечатливата карактеристика на предниот дел е големата BMW полукружна маска со едноделен пораб. Новиот BMW X5 доаѓа со стандардни LED предни светла, додека BMW ласерското светло со адаптивни LED предни светла може да се наведе како опција за да се оптимизира функцијата на долги светла. Посебните карактеристики на дизајнот на внатрешноста и надворешноста ги издвојуваат xLine и M Sport моделите на новиот X5. Во понудата се вклучени (како изборни) и 22-инчни тркала од лесна легура – што е првпат за BMW модел. Освен тоа, новиот BMW X5 уште од претставувањето ќе биде достапен со опции специфични за моделот од BMW Individual.

bmw-x5-m car 1

Јасен дизајн и ексклузивен амбиент во внатрешноста

Во BMW X5, јасната структура на инструмент таблата и централната конзола остава впечаток на просторност. Подигнатата позиција на седење, новиот дизајн за инструмент кластерот и Control Display, како и иновативниот концепт за дисплеј и контрола ја оптимизираат способноста на возачот да одржи контрола врз возилото. Сопатниците на предното и задните седишта уживаат во просторна удобност и ексклузивен амбиент. Внимателно избраните материјали во внатрешноста ја вклучуваат новата Vernasca варијанта на стандардниот кожен тапацир. Меѓу другите нови особини дизајнирани за да го максимизираат комфорот во BMW X5 се вбројуваат и мултифункционалните седишта, држачите за чаши што се загреваат/ладат, панорамскиот стаклен покрив Sky Lounge, динамичните внатрешни светилки (Dynamic Interior Light), Bowers & Wilkins дијамантскиот сараунд звучен систем (предвидени да бидат достапни од 12/2018), професионалниот систем за забава за задните седишта со 10,2-инчен екран на допир (предвиден да биде достапен од 12/2018) и апликациите од стакло за одредени контроли.

bmw-x5-m car 5

Поголемиот број иновации – чекор поблиску до автоматизираното возење

Изборот на системи за помош за возачот што се достапни за новиот BMW X5 е најголем досега. Меѓу нив спаѓаат Active Cruise Control со Stop & Go функција, асистентот за управување и контрола на лента, предупредување за промена на лента и за отстапување од лента, асистентот за промена на лента, асистентот за држење лента со заштита од страничен судир и помош за избегнување, предупредување за преминување во сообраќај, предупредување за првенство и предупредување за погрешна насока. Асистентот за паркирање сега ги презема должностите за забрзување и сопирање, исто како и управувањето. Уште едно дополнување е асистентот за сопирање во итни случаи, што безбедно го сопира возилото доколку дојде до медицински итен случај.

Уште една илустрација за постојаниот напредок кон автоматско возење на BMW ни нуди асистентот за возење во рикверц. Овој систем го презема управувањето за да го води возилото по патека што неодамна е помината напред. Овој систем го прави враќањето назад на растојание до 50 метри лесна задача во новиот BMW X5.

bmw-x5-m car 10

Оптимизирана распределба на моќноста благодарение на BMW xDrive и електронски контролирано диференцијално заклучување на задната оска

Задачата на максимизирање на прилепувањето, агилноста и стабилноста во насочувањето во новиот BMW X5 му е доделена на неговиот интелигентен систем на погон на сите четири тркала. Најновата генерација на BMW xDrive сега може да го подели вртежниот момент на погонот меѓу предните и задните тркала уште поефикасно во зависност од тоа што го бара ситуацијата.

Новиот xDrive систем исто така нуди поставеност кон задниот дел за оние пригоди во кои возачот има особено динамичен стил на воланот. Електронски контролираното диференцијално заклучување за задната оска (достапна заедно со M Sport линијата на опрема или теренскиот пакет)дава уште поспортско чувство при управувањето со возилото. Со ограничувањето на изедначувањето на брзините на вртење на внатрешните и надворешните тркала во кривините, може да се оптимизира пренесувањето на моќноста на патот врз површини што нудат различни степени на контрола.

bmw-x5-m car 8

bmw-x5-m car 3
 

 

 

За поголема инивидуализација, фабрички се достапни две алтернативи на основната варијанта. xLineкој што ја нагласува снажната многустраност на новиот BMW X5. Дополнително, M Sports пакетот ги нагласува динамичните квалитети на возилото на патот и интензивното искуство на возење обезбедено во внатрешноста.

Од претставувањето на пазарот, новиот BMW X5 ќе има 4 достапни мотори –два дизел и два бензински.

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

  • KID-EXPO--poster животен стил со...

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

  • 1 животен стил со...

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • mytime nikola ristanovski

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

    ноември 20, 2025
  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 2

    Добротворна модна аукција „Fashion with a Cause“ во рамките на Моден викенд Скопје

    ноември 6, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics