• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
стилска листа 0

Топ-5 трендови за пролет-лето според Елена Додевска

Од Ана Несторовска · На мај 8, 2014

Македонската дизајнерка, која работи за брендот Saitis, се приклучува на серијалот на Stylist.mk  во кој нашите креатори, стилисти,  модни уредници, новинари и блогери предлагаат пет модели за актуелната сезона. Елена Додевска,  која ја паметиме и како основачка и уредничка на модниот сајт stylefiles.mk,  во листата со топ-трендови за пролет-лето 2014 ги вбројува:  кратките маици, шпиц балетанките, поштарска торба преку рамо, мала марама врзана околку вратот и палто без ракави.

 

1.Кратки маици


Актуелната  пролет-лето сезона е одлична за девојките кои редовно ја посетуваат теретаната. Па доколку сте дел од нив слободно покажете го трудот кој сте го вложиле преку целата зима и облечете “пресечена” топ-маичка. Тенденцијата прв ја постави Николас Гескуере  во неговата последна ревија за „Баленсијага“ пред две сезони по што ова парче стана глобален тренд кој ќе ја достигне својата кулминација оваа сезона.

 

 

2. Шпиц балетанки


Да го ставиме на страна комфорт факторот, ова парче е одличен транзициски пролет-лето тренд кој мора да го пробате оваа сезона. Шпиц балетанките визуелно ќе ги издолжат вашите нозе, потребно е само да ја пронајдете вистинската комбинација. За некој тоа можеби е фустан или здолниште со „А” силуета, а за некој „чино” пантолони со класичен кежуал кроји должина до глуждовите. Која и да е вашата комбинација комфорот и шик изгледот се загарантирани.

 

3.Поштарска торба преку рамо

Почнувајќи од изминатата есен-зима сезона, овој тренд сè почесто го гледам на познатите личности  и модните блогери. Има и зошто, „поштарската торба” префрлена преку едно рамо пред сè е практична и ви дава слобода на движење на рацете, а со тоа и ненаметлив лежерен изглед. Овој тренд имаше и неколку обиди на црвениот килим, така што е одличен и за вечерни излегувања. Малата и шик плик чанта овојпан наместо во рака префрлете ја преку рамо.

 

4.Мала марама врзана околку вратот

Мајкл Корс, „Проенза Скулер“, Марк Џејкобс , Александар Венг  и уште ред  други модни имиња го наметнаа овој тренд кога пред шест месеци ги претставија своите пролет- лето колекции. Така што, малата марама врзана околу вратот повеќе не е само задолжителен акцесоар на стујардесите туку еден од најактуелните  трендови овој период.  Ова парче може и да ви послужи како замена за масивните гердани или  „чокерите” од 90-тите, кои исто така се многу актуелни. Дали ќе се одлучите за еднобојна свилена марама, класична вестерн „бандана” или софистициран принт останува на вас.

 

5. Палто без ракави

Колку и да звучи апсурден поимот палто без ракави, и колку и да мислите дека е тотално непотребно и без посебна функција, размислете уште еднаш. Слободно обвинете ја Викторија Бекам која уште во својата есенска колекција за 2013 го наментна трендот. Достапни во различен крој и должина, спортски, деним или класични палтата без ракави се одличен додаток за инстант трансформација.Повеќе нама да има потреба да се откажете од палтото кога правите избор за работната гардероба, во палтото без ракави ќе се чувствувате пријатно дури и на +30 С. Изберете палто со остар крој и нагласени рамена во комбинација со романтичен флорал фустан, на ова може и да додадете колан доколку сакате  да ја потенцирате половината.

SaitisStyleFiles.mkАлександар ВенгБаленсијагаВикторија БекамЕлена Додевскакратки маициМајкл Корсмала марамаМарк Џејкобспалто без ракавипоштарска торбаПроенза Скулерпролет-лето 2014топ-петтрендовишпиц балетанки
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 111 стилска листа

    Седумте тајни на секогаш дотераните жени

  • 1 стилска листа

    Пет јакни што треба секоја жена да ги има во гардеробата

  • fjshjf стилска листа

    Предлог зимски стајлинзи за празнични денови поминати на отворено

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • ?????????????????????????????????????????????????????????????

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

    февруари 11, 2026
  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics