• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
Мода 0

Три години македонска мода и светски трендови на Stylist.mk

Од stylist @StylistMKD · На декември 2, 2016

tret-rodenden-stylist
Со интервју со етаблираниот македонски дизајнер Јован Петровски пред точно три години (2 декември 2013) почна приказната на нашиот сајт Stylist.mk. Со тоа интервју ја најавивме и насоката во која ќе се движиме, што подразбира промоција и поддршка на македонската модна сцена и подигнување на стандардите за тоа што е квалитетно и модерно. Со околу 5.000 објави, од кои повеќето се информации и интервјуа со домашните дизајнери на облека, накит, како и модели, менаџери, уметници, автори и инспиративни луѓе од повеќе области, кои допринесуваат во градење на целата креативна сцена во нашата земја.
Специјализирaниот онлајн магазин за мода, убавина, уметност и животен стил е уредуван и воден од модните новинарки/уреднички со долгогодишно работно искуство во областа на модата: Катерина Трајановска и Ана Несторовска – Саздовска. На Stylist.mk, на македонски јазик може да се прочитаат новости, извештаи, интервјуа и анализи поврзани со нашата и светската модна сцена, како и да се погледнат едиторијали и галерии од најголемите модни случувања.

glavna rodenden1

Покрај новинарските задачи изминативе години ги доделивме „Stylist.mk наградите“ за најдобрите на Моден викенд-Скопје и организиравме дебати за „Пласманот на македонската мода во медиумите“ и „Оригинали и копии во македонската мода“. Бевме актуелни како модно жири наТВ-шоуто „Стилисимо“, имавме консалтинг агол на Super Design Pop-Up Store, работилница за редизајнирање на стара облека на Trash Fashion Macedonia, изложба, работилница и проекција на модни видеа на „Паратисима“, предавање на тема „Улогата на интернет медиумите во македонската модна сцена“, модна работилница на Stylist.mk на форумот Biz Triple Talks. Бевме дел од жирито на Trash Fashion Macedonia 2015, учествуваме на панел-дискусија во рамки на конференцијата „Про фемина“ во Белград. Минататa година Stylist.mk ја освои втората позиција во категоријата „Мода и убавина“ на изборот „Сајт на годината 2015“.
Оваа година, пак, се појавивме во улога на модели во фотосесијата за одбележување на 10 години BATA во Македонија, и имавме ангажман како стилисти во кампањата Потрага по Casual Stylist на „Скопје сити мол“.
Ви ги претставуваме најзначајните моменти на Stylist.mk во изминативе три години.

Stylist.mk дел од предизвикот „Сврти нов лист и стани стилист“ на „Скопје сити мол“

casual-stylist

На покана на „Скопје сити мол“ уредничките на Stylist.mk , Катерина Трајановска и Ана Несторовска, заедно со дизајнерот Драган Христов бевме дел од новата промотивна акција – потрага на Casual Stylist и смисливме три комбинации со модни парчиња од брендовите што може да се најдат во овој трговски центар. Во секоја комбинација недостасува еден клучен дел кој требаше потрошувачите да го предложат за да се докомплетира стајлингот. На крајот, со 3.241 глас и многу позитивни коментари за поддршка, студентката по правни науки и страствен обожавател на модерна и стилска гардероба, Марија Атанасова од Кочани го освои првото место во модниот предизвик „Сврти нов лист и стани стилист”.

Уредничките на Stylist.mk дел од фотосесијата „Пријателите на Бата“

stylist-mk_bata
Овој јуни италијанскиот бренд за чевли BATA слави десет години постоење во Македонија. Во двата продажни салони во Скопје, љубителите на модерниот дизајн и врвниот квалитет секоја сезона може да најдат чевли кои ги следат последните трендови, а во исто време се удобни и гарантираат пријатно чекорење. Овој значаен јубилеј се одбележува преку повеќе активности и изненадувања за купувачите, но и преку интересна соработка со дел од пријателите на BATA, меѓу кои и уредничките на Stylist.mk, Катерина Трајановска и Ана Несторовска, кои добија задача да го одберат својот омилен модел на BATA чевли за сезонава и да го инкорпорираат во сопствениот, препознатлив стил. Фотосесијата на која навистина беше забавно и интересно да се види како секој го интерпретира брендот.

 

Stylist.mk меѓу наградените на изборот „Сајт на годината 2015 “

sng2015-moda-i-ubavina
Stylist.mk ја освои втората позиција во категоријата „Мода и убавина“ на изборот „Сајт на годината 2015“. На прогласувањето, што се одржа вчеравечер во фоајето на МОБ во Скопје, за најуспешна во оваа категорија беше именувана страницата на списанието „ТЕА Модерна“, а третопласиран е порталот www.aktuelno24.mk. Главната награда – „Сајт на годината“ за 2015 ја доби Reporter.mk, следуваат Grouper.mk и Tocka.mk.

 

Во жирито на Trash Fashion 2015

trash-fashion-2015
Во својство на член на жирито на петтото јубилејно издание на Trash Fashion 2015 беше Катерина Трајановска, една од уредничките на stylist.mk, која што заедно со Катарина Штрокер, заменик-директор на Швајцарската агенција за обнова и развој и Андреј Георгиевски, моден дизајнер и костимограф на ТВ серијата „5+“, гласаше за победниците на модната ревија. Жирито првото место го додели на креацијата Teenage Nike – The goddess of Freedom, корсетиран фустан од килограм стари весници во комплет со крилја од опаковки од смоки, тетрапак и чипс, дело на тимот од „Интернационалното средно училиште“ од Скопје.

 

Дел од конференцијата „Про фемина“ во Белград

pro-femina-april-2015
Во април 2015 година учествуваме на панел-дискусијата во рамки на регионалната конференција „Профемина 2015“ во организација на списанието Lepota i zdravlje во Белград. Насловот на панелот беше „Технологијата е толку секси“, а темата на целиот настан „Што сакаат жените“.

 

Во едиторијал на Unique и Parfois

ana-i-kate-unique1
Ана Несторовска и Катерина Трајановска, се појавувија во улога на модели во едиторијал на македонскиот моден магазин Unique и португалскиот бренд за урбан накит Parfois. Во фотосесијата покрај модните новинарки се и модната уредничка во Unique, Милена Танаскоска и познатата блогерка Јована Зука. Во пријатната атмосфера на скопскиот локал Brick bar, четирите вљубенички во модата позираа пред талентираниот фотограф Жарко Чулиќ. Секоја од девојките направи избор на модни додатоци од колекцијата есен-зима 2014 од продажните места на Parfois во „Скопје сити мол“ и во „Рамстор“.

 

Шест номинации на изборот „Сајт на годината 2014“

sajt na godinat
Модниот онлајн магазин Stylist.mk е номиниран во шест категории на изборот „Сајт на годината“: „Најдобар сајт“, „Мода и убавина“, „Најдобар дизајн“, „Образование, наука и култура“, „Најдобар мобилен сајт“ и „Забава“. Вашите гласови може да ги дадете на веб страницата sajtnagodinata.mk, каде што треба да се пријавете со вашиот e-mail, потоа отворете ја вашата електронска пошта каде што ќе пристигне линк за гласање. Секој интернет посетител може да распредели три гласа во секоја категорија, и тоа 10, 6 и 2 поени. Гласањето за најдобрите македонски сајтови за 2014 година почна во понеделникот и ќе трае до 05.12.2014.

Модна работилница на форумот Biz Triple Talks

9.stylistmk-rabotilnica-1
Уредничките на Stylist.mk, Катерина Трајановска и Ана Несторовска на 26 ноември 2014 одржаа работилница на тема „Моќта на правилниот деловен дрес-код“ во рамки на еднодневниот интерактивен форум Biz Triple Talks во „Форца“, Скопје. Целта на настанот во организација на Honeybizz и Triple S беше да поттикне свесност и да креира конструктивен и интерактивен дијалог за работи поврзани со економскиот и социјалниот развој во општеството. Работилницата на Stylist.mk опфати повеќе сегменти: важноста на изборот на облека, шминка и на фризура во бизнис-сферата, како се гради деловен имиџ, најчести грешки во изборот на креации за во канцеларија. Беа преставени повеќе примери и совети како да се избегнат грешките и како да се подобри имиџот на работното место.

Трети Stylist.mk награди на Моден викенд-Скопје есен-зима 2014/15

8.Nagradi-stylist-esen-2014-32

Stylist.mk на 5 ноември 2014 по третпат ги додели наградите за најуспешните дизајнери и модели на Моден викенд-Скопје во концептуалната продавница Lotus Design Store во „Сити мол“. Јована Филиповиќ, која е носител на главното признание, за најдобра колекција за Where The Wild Things Are есен-зима 2014/15, доби статуетка изработена од Илина Поповска, а Стефанија Насеска-прогласена за најдобра млада дизајнерка за нејзината колекција „Азбука“, прими награда изработена од тандемот Моника Лозановска и Александар Баки Милев, кои стојат зад брендот за накит „Еклектика“. Шармантната Рене Рајт, која е прогласена за најдобра манекенка на FWSK, доби статуетка направена од Андријана Андреева (Ани Соро).

Предавање „Улогата на интернет медиумите во македонската модна сцена“

10 predavanje
Во рамки на есенското издание на Моден викенд-Скопје на 25 октомври 2014 година тимот на Stylist.mk беше вклучен и во едукативниот семинар „Современи движења во модата. Трендови, продажба и блогирање“. Катерина Трајановска и Ана Несторовска, кои го уредуваат и развиваат сајтот одржаа предавање на тема „Улогата на интернет медиумите во македонската модна сцена“. Тие го споделија своето повеќегодишно искуство како модни новинарки на македонската сцена, работејќи во различни медиуми. Зборуваа за појавата на модни интернет-портали, преодот и подемот на дигиталните наспроти печатените медиуми, потоа за приказната за Stylist.mk и позиционирањето како професионален медиум, целите и задачите на овој вебсајт.

Изложба, работилница и проекција на модни видеа на „Паратисима“

7.paratistima
На првото издание на торинскиoт саем за современа уметност – „Паратисима“ во Скопје, што се одржа од 13 до 15 јуни 2014 година во Младинскиот културен центар, Stylist.mk беше задолжен за модната програма и организира изложба, работилница и проекција на видеа. Изложбата содржеше фотографии снимени за време на Super Design Pop-up Store. Работилницата беше на тема „Од ателје до насловна страница“ (како да дојде вашиот производ до медиумите). Покрај тимот на Stylist.mk на работилницата гостуваа и етаблираните модни креатори: Ненад Секирарски и Ирина Тошева, кои ги споделија своите искуства со медиумите. Во џебното кино во МКЦ се одржа „Видеомода“-проекција на 15-тина кратки видеа направени од или за македонски дизајнери и брендови.

Работилница за редизајнирање на стара облека на Trash Fashion Macedonia

6.Stylistmk-na-Trash-Fashion-8
Во рамките на последното издание на Trash Fashion Macedonia што се одржа на 5 јуни 2014 во организација на Здружението на граѓани ОХО, Stylist.mk одржа работилница за редизајнирање на стари парчиња облека и модни додатоци. Уредничките на Stylist.mk пред учениците од 45 средни училишта од цела Македонија прикажаа куса презентација за тоа како може да се искористи старата гардероба и од неа да се создаде трендовско модно парче, а потоа им дадовме можност самите да реализираат нова облека.

Консалтинг агол на Super Design Pop-Up Store

5. Prv-DEn-Atmosfera-28
Во рамките на Super Design Pop-Up Store, што се одржи на 9 и 10 мај 2014г. во Младинскиот културен центар, Stylist.mk организира стилско катче, каде што на лице место понуди бесплатни модни совети и им помогна на постителите на настанот да направат соодветни комбинации од понудените модни парчиња и накит од дизајнерите-учесници на настанот. Покрај консалтингот направивме и фотосесија со комбинации од понудените парчиња облека и накит од учесниците на Super Design Pop-Up Store, во соработка со моделот Симона Ничева.

Втори Stylist.mk награди и дебата на Моден викенд-Скопје пролет-лето 2014

4.nagradeni prolet leto1
По вторпат, во рамки на пролетното издание на Моден викенд-Скопје (FWSK) Stylist.mk на 11 април 2014 во урбаниот скопски локал „Концепт 37“ додели награди за најдобра колекција, млад дизајнер и за модел. Статуетката за најдобра колекција, изработена од архитектската и дизајнерка на накит Александра Шекутковска ѝ беше врачена на познатата креаторка Лидија Георгиева. Признанието за најнадежен дизајнер, креирано од Јасмина Главинче, отиде во рацете на откритието на овој Моден викенд, Оливера Штакоска. Дрвената статуетка инспирирана од женските нозе, избрусена од креативецот Глигор Кузмановски го доби најдобрата манекенка на деветото издание на FWSK, според Stylist.mk- Моника Алексовска. По церемонијата на доделување на наградите, Stylist.mk организира дебата на тема „Оригиналии копии во македонската мода“.

Модно жири на „Стилисимо“

2.stilisimo006
Модните уреднички и основачки на Stylist.mk: Катерина Трајановска и Ана Несторовска од декември 2013 беа дел од модното жири на емисијата „Стилисимо“ што се емитува на МРТ1. Еднаш месечно со авторката и водитека на модното шоу, Цаци Паковска и познатиот моден дизајнер и едукатор Никола Ефтимов еднаш месечно ги коментираме стајлизните на јавните . Модното жири на „Стилисимо“ го коментира изгледот на познатите личности од нашата земја на своите јавни појавувања. Досега на „тапет“ беа учесниците на Скопски фестивал 2013 и 2014, „Златна Бубамара“, „МРТ за најдобрите“, „Моден викенд-Скопје“… Под лупа се најдоа и ТВ-водителите и спикерите, а беше направена и листа за најдобро облечени ѕвезди во 2013.

Први Stylist.mk награди и дебата на Моден викенд-Скопје есен-зима 2013/14

1.Stylist-debata-i-nagradi-31.10.2013-10-620x420
Основањето на асоцијацијата и сајтот Stylist.mk беше најавено еден месец претходно, во рамки на Модниот викенд-Скопје. На 31 октомври 2013 во клубот и ресторан МКЦ тимот на сајтот ги востанови Stylist.mk наградите за најуспешните на Моден викенд-Скопје (FWSK). На тоа издание главната награда, за најдобра колекција, ја доби етаблираната креаторка Росица Мршиќ. Признанието за најнадежен дизајнер му беше врачено на Бобан Илиевски (Chic Undercowear), а за најдобра манекенка беше прогласена Маја Ристевска од „Мак моделс“. Статуетката за најдобра колекција специјално за првото издание на „Stylist.mk наградите“ ја направи познатата дизајнерка на накит Марија Милошевска. Наградата за најнадежен дизајнер ја креира талентираната Нина Симовска, која работи под брендот за накит Just Because. Уникатен накит во дизајн на познатата креаторка Ивана Кнез („Драма“) е наменет за најдобрата манекенка.
Неколку часа пред церемонијата на доделување на наградите, Stylist.mk организира дебата на тема „Пласманот на модата во медиумите“, во која учествуваа модни дизајнери, новинари, блогери и менаџери

Stylist.mkАна НесторовскаКатерина Трајановскатрет роденден
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Фестивал на чај Мода

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

  • 1 (13) Мода

    Утре напладне на „трифт шопинг“ на користена облека, книги, играчки и накит во Макка Бар

  • СЕДУМДНЕВЕН СИТИ БАЗАР ЗА ДЕНОТ НА ЖЕНАТА – 8 МАРТ Мода

    Во тек е голем „Сити базар“ по повод Дената на жената – 8 март

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics