• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Во Скопје доаѓа Славенка Дракулиќ, авторката на првата феминистичка книга во Источна Европа

Од stylist @StylistMKD · На октомври 31, 2018
Slavenka drakulic photo Roko Crnić

Фото: Роко Црниќ

Издавачката куќа „Антолог” од Скопје со огромно задоволство најавува дека прва гостинка на годинашното, четврто по ред издание на Фестивалот на европската литература „BookStar 2018“ ќе биде големата Славенка Дракулиќ. Таа е воедно и годинашната добитничка на наградата „BookStar” за книга што ја одбележува 2018 година, која ќе ја добие за нејзината најнова книга „Невидливата жена и други раскази”. Гостувањето на „една од највлијателните писателки” во Скопје е предвидено за периодот 12-14 ноември, кога ќе ја промовира наградената книга и ќе има средба со читателите.

Славенка Дракулиќ е позната новинарка и писателка, родена во Риека во 1949 година. Пишува книги на хрватски и на англиски јазик, а некои од нив се преведени на повеќе од дваесет јазици, меѓу кои и на македонски. Во издание на американската издавачка куќа „Пингвин” има објавено шест наслови.

Во публицистичките книги главно се занимава со секојдневјето во социјализмот, а по 1989 година и со војната во Југославија. Нејзината прва публицистичка книга, „Смртните гревови на феминизмот” (1984), е еден од првите прилози за феминизмот. Следувале „Како преживеавме”, „Тие не би згазиле ни мравка”, „Телото на нејзиното тело” и „Басни за комунизмот”.

Во книжевните дела Славенка Дракулиќ се свртува кон женското тело, болеста и траумата, истражувајќи ги и животите на креативните жени што живееле со познати уметници. Ги објавила романите: „Холограми на стравот”, „Мермерна кожа”, „Како да ме нема”, „Божествен глад”, „Фрида или за болката”, „Обвинета”, „Дора и Минотаурот” и „Милева Ајнштајн, теорија на тагата”.

Во 2010 година во Прага е прогласена за еден од највлијателните европски писатели на нашето време. Добитничка е на „Наградата за европско разбирање”  на саемот за книгата во Лајпциг во 2004 година, како и на наградата на „Мечмејкинг форум” за најдобра проект-книга за филмска адаптација за нејзината последна книга „Невидливата жена и други раскази” во 2018 година.

Советот на Фестивалот одлучи да ја додели наградата „BookStar” за 2018 година на книгата „Невидлива жена и други раскази” од Славенка Дракулиќ бидејќи таа се занимава со една предолго време премолчувана, често табуизирана тема, тоа е процесот на стареење и што сè носи тој, обработена на мошне комплексен начин, час низ призмата на иронијата, час низ окуларот на суровата реалност, час низ болката, час низ шармот на книжевната епифанија.

Дали со староста стануваме невидливи, што се случува со нашите тела, со нашиот однос кон другите и – уште поважно, со односот на другите кон нас? Мрежите што ги плетеме цел живот одеднаш стануваат тенки и кревки. Преку шеснаесет раскази во книгата „Невидливата жена” Дракулиќ раскажува за меѓучовечките односи, за релациите меѓу родителите и децата, за заминувањето, исчезнувањето, заборавањето, болеста, срамот и болката, за најдлабоките чувства за кои не се осмелуваме да зборуваме. Длабоко емотивно, без задршка, раскажува за искуството при распаѓањето на животот.

Катарзична, ослободувачка книга, која удира во плексусот на современието. Секој расказ посебно му влегува на читателот под кожа, терајќи го да застане, да размисли за себе и за другите, да биде шокиран, да заплаче, да се препушти и на емоциите и на разумот. Менувањето на перспективите (прво и трето лице, машки и женски погледи, различни генерации) и прекрасно испреплетените автобиографски и фиктивни елементи во нарацијата прават читателот да се чувствува нурнат во текстот и истовремено дислоциран од него. Книга што уште еднаш докажува дека само литературата може да зборува за неизречливото!

„Невидлива жена и други раскази” со недели е на врвот на бестселер-листите во Хрватска, а наскоро излегува и преводот на македонски јазик.

Фестивалот „BookStar” ќе се одржи од 12 до 20 ноември 2018 година на повеќе локации во Скопје. Тоа e прв фестивал на европската литература во Македонија и е во организација на издавачката куќа „Антолог”. Манифестација започна во 2015 година и се одржува секоја есен, а годинашното издание е четврто по ред.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 културен водич

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

  • novogodisen bazar културен водич

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

  • KV културен водич

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • ?????????????????????????????????????????????????????????????

    „Една љубов, безброј подароци” – Од денеска базар по повод Денот на вљубените во Скопје сити мол

    февруари 11, 2026
  • 1 valentino

    Почина славниот италијански моден дизајнер Валентино

    јануари 20, 2026
  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics