• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Водич низ новогодишните базари викендов во Скопје

Од stylist @StylistMKD · На декември 23, 2016

podarociii

Претстојниот викенд, кој воедно е последниот пред дочекот на Новата 2017 година во повеќе скопски локали, кафулиња и концептуални простори ќе се одржат неколку базари и поп-ап продавници. На продажбените изложби ќе бидат понудени автентични македонски дизајни, облека, накит, модни додатоци, мебел, украси за доот и новогодишни подароци. Во продолжение е водич низ овие настани.

 

„Лудус“ и Доротеј Нешовски на настанот PrivatePrint Weekend

15542170_676176505896964_1007237948488808452_n

Од денеска до 25 декември ќе се одржи зимскиот поп-ап настан и продавница именуван како PrivatePrint Weekend, просторот на студио PrivatePrint во Скопје. Ќе учествуваат македонскиот моден бренд „Лудус“ со последната колекција Emotional Landscapes, претставена премиерно минатиот месец во МКЦ, како и и младиот македонски уметник Доротеј Нешовски, со својот проект Аудиовизуелна плоча, во соработка со Александар Ордев.
Настанот се одржува во денеска од 19 до 23 часот, и во сабота и недела (24 и 25 декември) од 12 до 20 часот. Студио PrivatePrint се наоѓа на ул. Партизански одреди 62, влез 1, стан 4 (тц Лептокарија, веднаш спроти влезот на поликлиника Букурешт).

Изложба на накит од Јана Ацевска, Мима Пејоска и Биби Клекачковска во „Ел Греко“

kapka

Од минатат недела (15 декември) па се до 29 декемри во скопската галерија „Ел Греко“ се одржува продажна изложба на современ накит на авторките Јана Ацевска („Капка“), Мима Пејоска и Биби Клекачкоска („БипАрт“). Посетителите имаат можност да си набават уникатно парче уметност од колекциите на авторките по специјални новогодишни цени.

Промотивна изложба на Part Accent во „Концепт 37“

part-accent
Брендот уникатни рачно работени дизајни за домот, за PArt accent ќе одржи предновогодишна промотивна изложба на 25 декември (недела) со почеток во 20 часот во арт-кафето „Концепт 37“.Дизајнерскиот тим со секое парче раскажува единствена приказна која се води од една единствена мисла, а тоа е грижата за секој детал, кој го прави производот посебен и уникатен.
PArt accent оддалечува од конвенционалните и типични парчиња мебел и внесува во светот на дизајнот со необичните и уникатни рачно работени дизајнерски парчиња од кои ќе застанува здивот.

Предновогодишен базар во „Кино Карпош“ на 25 декември
kino-karpos-bazar1

Доколку сакате да им подарите на своите најблиски нешто уникатно, симболично и со дизајнерски потпис за новогодишните празници, може в недела да го посетите предновогодишниотбазар во скопкото кафуле „Кино Карпош“. Со почеток во 17 часот на штандовите ќе бидат поставени модни парчиња, накит, дизајнирани поклони и украси, со потпис на младите креативци: Em Ellephantski , ATAMI, Bulberry, Глигор Кузмановски, Карло Хорват, Le Renard Noir и Mei Ro.

Евгенија Зафировска и Магдалена Таневска ќе бидат „помошниците на Дедо Мраз“ во „Концепт 37“

pomosnicite-na-dedo-mraz

Младите дизајнерки Евгенија Зафировска и Магдалена Таневска ќе ги престатавт своите креации во споското арт-кафе „Концепт37“ на 25 декември (недела) од 13 до 19часот. Настанот, наречен „Помошниците на Дедо Мраз“ ќе биде од продажен карактер. Посетителите ќе имаат можност да ги пробаат и набават новите колекции на дизајнерките како и избор на многу други модни парчиња и аксесоари направени спрецијално за настанот.

Евгенија Ена Зафировска, која во моментов е на магистерски студии во Љубљана, имаше забележителна ревија на 14-тото издание на Моден викенд – Скопје. Ја претстави својата еко-колекција Black Feedback. Креациите, од кои дел можевме да ѕирнеме преку фотосесијата со моделот Мирела Муриќ, се создадени од рециклираниот материјал. Во колекцијата се појавуваат материјали што навидум не се спојуваат, меѓу кои е поливинил.

Магдалена Таневска минатиот месец се претстави на BAFE (Balkan Art Fashion Event) во Белград. Актуелна е со колекцијата Recycled Jeans, за која се инспирира од рециклирањето, феминизмот и слободата. Процесот на изработка на моделите е комплексен и се користи пачворк-техника. Дизајнерката употребува џинс-ткаенина, а како додаток ќе има мали традиционални капи од Балканскиот полуостров.

Дизајнерска облека во Wonderlust

wonderlust-2

Дизајнерска облека и накит ќе може да се набави на празничниот „Божиќен базар” што утреќе се одржи во концептуалната продавница и бистро Wonderlust. Во локалот на улица Македонија ќе може да се погледнат и набават креации од неколку македонски дизајнери и брендови како „Лудус“,Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Pur Pur, Kare Workshop, Evee, Викторија Џимревска, Скопје се носи, Еклектика, Креација, Ксантика, Armarium, Skopje Storutelling, Pastello, Mighty Jewelry, Schuster Shoes.

 

Уникатни идеи од „Преплет“ за новогодишни подароци
preplet-nova-godina2016-7

Во духот на празничното предновогодишно расположение скопскиот концептуален бренд „Преплет“ претстави мини-линија со уникатни подароци. Со интересни пораки и цртежи креативките кои стојат за брендот, Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска, украсија разни додатоци за домот и работното место: чаши, слики, честитки…

-Секоја година целиме кон тоа да создадеме подароци кои ќе раскажуваат различна приказна и на тој начин секој кој што подарува ќе може да го пронајде најсоодветниот подарок за пријателот, родителот или саканиот. Оваа година креиравме неколку типови пакетчиња составени од повеќе производи, календари за престојната 2017, мини нотесчиња, постери и шолји со пораки за мечтаење и стимулирање на магичната атмосфера, подметачи, разгледници и уште многу други производи со кои може да се создаде совршената комбинација за подарок. Она што е ново оваа сезона е тоа што дел од производите ги имаме и со англиски пораки за да можеме да подаруваме и да подаруваат нашите пријатели во странство. Секогаш се грижиме подароците купени од кај нас да бидат убаво и креативно спакувани, па затоа мотото за оваа година ни е: „Опружете ја елката со куп оптимизам, баш онака како што треба“-велат од „Преплет“. Вратите на „Преплет“ се отворени секој работен ден од 11:00 до 18:00, а сабота до 16:00 и ги очекуваат сите кои што сакаат да подаруваат со мерак.

Дизајнирани чоколади од Just Because како  новогодишни подароци
just-because-cokoladi03

Доколку сакате слатко да ги изненадите своите сакани за претстојните новогодишни и божиќни празници, македонскиот концептуален бренд Just Because претставува нова линија на дизајнирани чоколади. Овие уникатни подароци се со посебни пораки и со автентичен дизајн. Новогодишните пакувања на чоколади прераснаа во своевидна традиција на студиото Just Because, водено од креативката Нина Симовска. Секогаш различни, а совршено препознатливи, годинава доаѓаат во неколку серии и се одличен подарок за најблиските во предновогодишната еуфорија.
-Оваа година се вклучени и принтови од уметничките слики, кои беа дел од мојата изложба “Is there anybody out there?”, а останатите со божиќни и новогодишни мотиви. Може да се набават како подарок, но добро може да се вклопат и како украс под елка-вели Нина Симовска.
Од Just Because најавуваат уште две серии на дизајнирани пакувања и уште многу изненадувања пред почетокот на Новата година. Дизајнираните чоколади имаат многу достапна цена и може да се нарачаат на Facebook страницата на Just Because www.facebook.com/simovskadesign или преку инстаграм профилот:www.instagram.com/ninasimovska

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Plakat_myselves_page-0001 културен водич

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

  • ????????????????????? културен водич

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

  • KV SGF 2025 културен водич

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics