• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЈАНА АЦЕВСКА: „Во синило те намамив“ ги отсликува нијансите на Охрид

Од Ана Несторовска · На мај 20, 2014

Широчината на Охридското езеро, неговото бескрајно синило и мирните бранови кои мамат воздишки, блескавата светлина на градот, како и сите лица на небото над Охрид, биле инспирација за четирите дизајнерки на современ накит, Јана Ацевска, Билјана Клекачкоска, Дафина Џепароска и Марта Пејоска, да ги созададат уникатните парчиња од изложбениот мозаик „Во синило те намамив“. Накиот од овој проект премиерно беше изложен лани, во рамките на „Охридско лето“.  Градот на љубовта, културата, светлината е само врзивна нишка на најновите уметнички креации на  која го исцртува нивниот индивидуален, авторски потпис. По успешното претставување во Охрид, изложбата на современ накит „Во синило те намамив” на 22 мај (четврток) во 20.20 часот ќе биде поставена и во Музејот на град Скопје. Изложбата е реализирана по идеја на Јана Ацевска, која работи под својот бренд за накит, „Капка“.
-Сметав дека идејата е вредна за да се реализира па ја споделив со директорката на „Охридско лето“, која веднаш го изрази својот интерес и така влезе во програмата на активности на минатогодишното издание. Мислев дека изложбата ќе биде поатрактивна доколку се претстават неколку различни автори со изграден стил и израз па затоа ги  поканив Биби, Дафина и Марта да бидат дел од оваа наша заедничка приказна… Секоја од нас на свој начин е поврзана со Охрид, па така се роди идејата за тема и наслов на изложбата-објаснува таа.

Дел од парчињатата на Ацевска, кои беа изложени во Охрид, ќе бидат претставени и пред скопската публика, но дел од нив се создадени специјално за оваа поставка во Скопје. Сите примероци кои ќе бидат дел од изложбата се создадени и инспирирани од темата.
-Сината бојата ми беше примарно во фокусот и се задржав на неа. Предизвик ми беше да создадам сина боја на бакарот кој го комбинирам со други материјали и полускапоцени камења. Секако мотивот не изостанува во моите парчиња, па во некои од новите, може да се препознае и по некое кајче… Главно работам органски форми и како и секогаш во моите парчиња се забележува мојата желба да комбинирам материјали. Па така, едно парче може биде создадено од бакар со патина, дрво од маслинка и сребро итн…

Накитот ќе биде поставен на бели камења, а во позадина ќе се прикажува видео, кое е снимено на изворите на Дрим за да се потенцира главната инспирација за содздавањето на нивните парчиња накит. Иложбата во Скопје ќе биде отворена  до 31 мај.
- Постановката во  Охрид предизвика огромен интерес кај посетителите, што нè мотивираше да ја поставиме и во Скопје. Се надеваме дека реакциите на посетителите ќе бидат исти и тука, во Скопје…Идејата ни е изложбата да биде поставена и во неколку галерии во регионот, а заинтересираните ќе можат да ги набават саканите парчиња накит во Музејот на град Скопје.


Изминатата година за Јана беше доста активна. Учествуваше на низа изложби, проекти и семинари, во и надвор од Македонија. На почетокот на мај беше дел од Super Design Pop-Up Store во МКЦ, каде што претстави дел од своите нови креации.
-Настаните од таков вид секогаш ми претставуваат особено задоволство, пред сè поради тоа што тоа е на некој начин излегување од рамките на вообичаените конвенционални настани, но секако и заради дружењето и  размената на креативна енергија. Прилично сме лимитирани со можности за промоција на нашите авторски дела па ваквите настани се добра прилика да се погледне нешто ново-вели Ацевска.

Мината година таа учествуваше на работилница за накит во најголемата златара на Балканот во Мајданпек. Парчињата што таму беа изработени потоа беа изложени во Белград. Исто така, беше дел од и „Славик фестивалот“ во Познањ, Полска, а во март годинава учествуваше на „Модепаласт Виена“- огромен продажен дизјанерски настан.
-Искуството беше одлично не само од аспект на можноста да бидам дел од овие настани туку и поради можноста за остварување контакти. Како резултат на моето учество на овој голем дизајнерски настан, во моментов мојот накит може да се најде на неколку продажни места во Австрија-вели таа.

Јана АцевскаБилјана КлекачкоскаВо синило те намамивДафина Џепароска.Марта ПејоскаМузејот на град СкопјенакитОхридОхридско езероОхридско лето„Капка“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    „Одбери ја твојата бајка“ тема на традиционалната студентска ревија ан ТМФ

    јуни 25, 2025
  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics