Неделата на висока мода што двапати годишно се одржува во Париз, задолжително ги привлекува на едно место најважните ликови од светската мода кои заинтересирано ги следат ревиите на најважните модни куќи. Додека на пистата се случува дефиле на Hаute Couture, верзија на висока мода може да се забележи и на учиците на Париз. Еве ги познатите модни уреднички Мирослава Дума, Џована Батаља и Вероника Хајлбрунер, потоа стилските трендсетерки Оливија Палермо, Гилда Амбросио и Елена Перминова, познатите Зое Кравиц и Мила Јовович во различни и за нив препознатливи комбинации фотографирани во Париз за време на модната недела. Иако високата мода се состои од луксуз и раскош создаден со рачна изработка, последниве сезони добива нов, полежерен и поедноставен изглед, што се отсликува и на уличната мода која е порелаксирана и составена од микс на скапи дизајнерски парчиња со базични елементи како фармерки и патики.
Нема коментари