Париската модна недела е идеално место за демонтрирање на модниот стил на гостите и познатите кои ги посетуваат најважните ревии на новите дизајнерски колекции, да продефилираат во дизајнерските парчиња инкорпорирани во свој стил, да ги покажат последните зимски трендови, но и да ги навестат првите пролетни тенденции. Париз за време на модната недела стилски беше во знакот на костими во јаки бои, разиграни комбинации, споеви во класични бела и црна боја, мини здолништа и разни видови на палта.
Нема коментари