Лондон деновиве беше центарот на светската мода, додека траеше Лондонската модна недела погледите и фотообјективите беа насочени и кон уличната мода. Лондон секогаш проектира доза на ексцентричност, бунтовност, уникатност, што се отсликува како во колекциите на британските дизајнери, така и на улиците на градот. Денови забележавме весели стилови во јаки бои, неспоиви комбинации, лични интерпетации на актуелните трендови, стајлинзи кои веќе одговараат на пролетната сезона, но и стилски идеи за ветровито и врнежливо време, бидејќи дел од настаните беа во завршницата на бурата Јунис.
Нема коментари