Нашата манекенка Татјана Јанушева Тати продолжува да ја гради интернационалната кариера, оваа сезона престојува во Париз и помеѓу другите проекти, таа беше дел и од модната ревија на брендот Фила (Fila) на која се промовира колекцијата FILA X VERSAILLES наменета за љубителите на голф.
Ревијата се одржа во замокот Chateau de Maintenon (кој се наоѓа на стотина километри од Париз) пред голем број на познати гости и љубители на модата. Тати веќе неколку години работи како интернационален модел и беше дел од повеќе кампањи за Miss Sixty, Champion, Stradivarius, Tally Weijl, Prada и Gucci.
-Нашата убавица во светскиот моделинг ја застапува модната агенција Next Models, која пак важи за една од трите најдобри агенции во светот. Горди сме и бескрајно благодарни на Јелена Ивановиќ (JS Management), која препозна модел од светски размери – велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менџмент од Скопје.
Нема коментари