Иако шеширите се најтрендовски додаток за на глава оваа есен-зима и се сезонски заштитник на стилот, сепак не им го земаа приматот на дебелите, топли и плетените капи, кои се најбарани и најносени во студените денови. Модните уреднички, блогерките и холивудските трендестерки избраа удобни и топли модели кои ги носат во различни комбинации. Дел од нив направија спој меѓу спортските волнени капи и елегантните капути или раскошните бунди. Други го раздвижеа имиџот со комплет капа, шал и ракавици во посвежа боја или нијанса која е констрасна на палтото или капутот. Во однос на бојата, не ни мора да биде во тон со остатокот од стајлингот, некогаш е доволно само да се одлучите за црвена, розова, портокалова или жолта капа, кога ќе го одвлекува внимението и ќе го освежи мрачниот и сив зимски изглед. Има модели од филц со елегатно оформен облик, во вид на баретка или шапка со мачкини ушиња, а некои се решија за примерок налик на детските капи, со неколку бои или со топче на врвот. Еве неолку идеи како да ги комбинирате плетените капи оваа зима. Може да ги носите и во затворен простор искомбинирани со фустан-џемпер или со некои полесно моделче. Дебелите капи се иделен моден додаток за престојните празници.
Нема коментари