Здолништата од сите можни должини и форми оваа есен се комбинираат со необични и волуменозни џемпери. Тајната е токму во невообичаените облици на овие две модни парчиња кои често се комбинираат меѓу себе, но сега на сосема нов и поавангарден начин – здолништето нека биде со асиметрична форма, со миди должина, тесно или широко, со голем отвор, од различни материјали како на пример тантела и винил, а џемперот широк, во вид на ролка, со нерамномерен раб во долниот дел или со ефектна текстура. Овосезонската комбинација на здолниште и џемпер нека не биде класична, туку необична и впечатлива.
Нема коментари