Со завршувањето на париската недела на висока мода се сумираат импресиите и издвојуваат тенденциите, а внимателно се разгледуваат и венчалните или тоалетите кои може да се носат како венчаници од претставените колекции за есен 2016. Вообичаено како секоја сезона видовме серија на раскошни и волуменозни креации, како на пример кај Ели Саб и Зухаир Мурад, но одредени модни куќи предлагаат и смирени и минималистички фустани („Диор“ и „Валентино“) или модели со павангарден стил (Скјапарели и Maison Margiela). Актуелни се транспраренти ткаенини, богата тантела, цветни апликации и текстурирани материјали, а покрај традиционалната бела боја, во игра се сите пастелни тонови, сребрената и инсерти во јаки бои.
Нема коментари