• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Атрактивни и интригантни толкувања на просторот на 17-от Зимски салон

Од stylist @StylistMKD · На февруари 12, 2018

17ti Zimski salon

Престижната ликовна изложба Зимски салон по седумнаесетти пат ќе се отвори на 16 февруари во Џифте Амам. Преку дефинирање на годинешната тема, Спектрални места изложбата низ мултимедијална композиција суштински пристапува кон различните сензационални толкувања за просторноста која ги носи визуелната уметност на 21-от век.

-Зимски салон е една од ретките ликовни манифестации која од самото основање до денес ја задржа својата автентичност во однос на екслузивност на артистите и нивните креации. Токму затоа изложбата секоја година нуди исклучително визуелно но и актуелно сензибилно доживување. Атрактивна и интригантна во истражувањето на просторот и годинешната изложба преку обединување на сите ликовни медиуми, објекти и документација, фотографски снимки, графички техники, скулптура, моделирање, компјутерска анимација и 3Д, видео и звучни проекции, инсталации и перформанси, ќе ги подигне критериумите и ќе претстави нови вредности во артистичкиот израз - изјави Христијан Санев, Претседател на ДЛУМ.

Следејќи го изграденото реноме на најзначајниот биенален ликовен настан, организаторот ДЛУМ за ова издание за селектор го покани српскиот историчар на уметност, Никола Суица, кој најавува избор на дела во функција на галериската просторна достапност што има за цел пред публиката да обедини и класифицира неколку методолошки интересни и предизвикувачки редефинирања или предизвици кои се јавуваат при продуцирањето на современата уметност.

На седумнаесеттиот Зимски салон изложени ќе бидат повеќе од 70 дела од домашни и странски автори и тоа Чешка, Словачка, Србија, Хрватска и многу други земји. И оваа година еден од авторите ќе ја добие Гран –При наградата, престој во атељето на „Citè des Arts“ во Париз, што ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија.

Зимскиот Салон на Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ е врвна ликовна манифестација и единствена од тој вид во нашата земја. Замислен и основан во 1991 година како ликовна посебност и денешната физиономија на Зимскиот Салон ги има задржано основните карактеристики, професионалност, строга селекција на учесници и квалитетен каталог.

 

ДЛУМЗимски салонизложбауметност
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ културен водич

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics