Како што налага традицијата на Париската недела на висока мода последната креација на ревиите е венчалниот фустан, често најраскошната креација во која се вложени стотици часови рачна работа. Дизајнерите во финишот претставуваат раскошни венчаници, но и нетрадиционалени и доста модернистички предлози за свадбен изглед. Всушност, Haute Couture колекциите секогаш претставуваат рамнотежа меѓу класични венчаници, со волуменозни форми и кринолина-здолништа, украсени со тантела и кристали, како ние на Ели Саб и Зухаир Мурад, со бели фустани со современи смирени форми или пак свадбен комбинезон какви што можевме да видиме во колекциите на „Валентино“ и Жан Пол Готје.
Оваа сезона дизајнерите внесоа и боја во венчалните фустани, Лагерфелд кај „Шанел“ претстави розова венчаница која што ја носеше Лили-Роуз Деп, а Алексис Мабил и Џон Галијано (Maison Margiela) избраа темносина и жар црвена боја за венчален изглед.
Нема коментари