Со почетокот на модната недела во Њујорк стартува и таканаречениот моден месец во кој ќе се претстават новите колекции за есен-зима 2016/17 на најпознатите дизајнери и брендови. По Њујорк, следат Лондон, Милано и Париз, а еве претпоставка за модните стилови на уредници дефинирани според сензибилитетот на градовите. Но, не значи дека овие комбинации важат стриктно само за вие градови, слободно инкорпорирајте ги и во вашиот стил.
ЊУЈОРК – Модерен минимализам
Новиот концепт е како да се совлада современото облекување – модерна кошула, панталони со ѕвонест крој и палтенце со линии.
ЛОНДОН – Урбана авангарда
Канализирање на младешкиот дух на градот преку плетено здолниште со отвори, спортско-луксузен џемпер, плус патики со кои лесно ќе пешачите од едно место на друго.
МИЛАНО – Ексцентрична елеганција
Новиот распар тренд е совршен начин да се прифатат еклектичните вибрации на градот – микс од свилени парчиња во координирани дезени, ретро-шик чевли и смел накит.
ПАРИЗ – Ноншалантен шик
Следете го стилот на Парижанките кои знаат да интерпретираат ноншалантност на безброј начини. Еве еден: трендовски фармерки до глужд, едноставна блуза или џемпер, црни чизми за преку ден и вечерна комбинација и сандали на „Сен Лоран“ за вечера во ресторан.
Нема коментари