Шорцевите од тексасен материјал се летна класика, разнолико модно парче кое може да се спои скоро со секој тренд. Шорцевите се облеката што можете да ја носите секојдневно во летниот период, само треба да го менувате горниот дел за да постигнете различен изглед. Се комбинира со памучна маичка за поедноставен изглед, со маички со бретели или crop top блузи за доза провокативност, со кошула со животинска шара или блуза со гол грб ако сакате интересен имиџ, со бохо блузи со тантела и модели во викторијански стил за поромантичен изглед.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари