Музичката ѕвезда Каролина Гочева настапи на вчерашниот музички спектакл на градскиот плоштад во Скопје одржан по повод прославата на 35 години независност на Македонија, појавувајќи се на сцената во бела тоалета креиарана од Игор Марков. Каролина беше дел од коцертот на познатитот тенор Хозе Карерас во придружба на македонски музички ѕвезди и Македонската филхармонија.
Каролина на концертот изгледаше гламурозно и впечатливо во долг бел фустан. Станува збор за дело на Марков, долг фустан со „слим“ линија кој ја оцртува фигурата, комплетиран од куса наметка со изразено рамо изработени со вез од кристали во златни мотиви.Таа изгледаше беспрекорно стилизирана од Јована Зука, која избра едноствана природна шминка и фризура во холивудски стил.
Како вистинска дива пеејќи рамо до рамо со светски познатиот тенор Хозе Карерас ја остави публиката без здив, а стајлингот беше надополнет со високи бели ракавици. Елегантно, маркантно и гламурозно модно издание на Каролина кое несомнено ќе биде запаметено.































Нема коментари