Модни комбинации во една интензивна или пастелна боја се во фокусот на првата колекција на брендот Манго за оваа 2022, колекција која проектира доза на оптимизам и живост во новата година. Оваа ведра колекција содржи различни базични и трендовски парчиња облека, од класични кошули преку ватирани јакни и ѕвонести панталони до плетени џемпери. Но, акцентот е на боите – розова, црвена, жолта, потокалова, сина, зелена, како и виолетова која потсетува на тренд-нијансата за оваа година, very peri. Секоја боја доаѓа во неколку нијаси и формира еден стајлинг, кој вклучува облека и модни додатоци. Овие модни комбнации нека внесат надеж за поведра и подобра година.
Нема коментари