Брендот AG Jeans продолжува во духот на хуморот да ги промовира своите креации и наместо бомбастични кампањи објави смешно кратко видео со Алекса Чанг. Наречено „Кога си во Париз“, гледаме како Алекса се снаоѓа во градот и на вечера со париско друштво. Во видеото Алекса носи креации од пролетната колекција кои формираат одлична секодневна комбинација – фармерки со рамен крој, блуза на пруги и тексасна јакна.
Нема коментари