Дизајнерката Силвија Михајловска креира нови модни парчиња кои ја надополнуваат зимската колекција на нејзиниот бренд „Алшар“. Стилски таа се надоврзува на првата серија на креации за зима 2018 во која доминираa смарагдно зелената и црната боја, принтот и сицо-сребрени палта, а сега понудата ја прошири со дизајнерски парчиња во претежно сива боја. Таа предлага сиви фустани и елеци-фустани, со асиметричен крој, преклопи и набори, но и повпечатливи креации како бел фустан со црни 3Д апликации и фустан со изразени карнери во трендовски змиски принт. Сите креаиции се погодни за носење во секоја пригода, преку ден и навечер. Покрај фустаните, има и ексклузивни капутчиња во сива-сребрена боја со брошеви и асиметрични детали. Дизајнерката вели дека ова е само дел од колекцијата која ќе се дополнува постојано во текот на периодот.
АЛШАР Колекција зима 2018
Дизајнер: Силвија Михајловска/ Фотографија: Крсто Златков/ Модел: Маја Илиоска
Нема коментари