Минатиот викенд моднто дуо Доменико Долче и Срефано Габана реши да го освојува Њујорк и организира гала вечера и изложба во Њујоршката библиотека, претставување на машката колекција во Рокфелер центарот и голем ревија за алта мода колекција што се одржа во музејот Метрополитен. Долче и Габана за првпат во својата 33-годишна кариера се претставуваат во Њујорк и еве како изгледаше нивниот моден викенд викенд во овој град.
Гала настан и изложба Alta Gioielleria на накит во Њујоршката библиотека – Главна гостинка била Сара Чесика Паркер облечена во еклектичен комплет на Долче и Габана, а говор одржала и Лајза Минели.
A post shared by Dolce & Gabbana (@dolcegabbana) on
Alta Sartoria - Ден пред претставувањето на алта мода колекцијата Долче и Габана имаа ревија на машката колекција во ресторанот Rainbow Room кој што се наоќа на 65-кат на Рокфелер центарот. Еве го познатиот манекен Дејвид Ганди во црн смокинг и кадифени чевли.
Метрпололитен музејот локација за одржување на женската алта мода колекција на Долче и Габана
A post shared by Dolce & Gabbana (@dolcegabbana) on
Alta Moda – Новата алта мода колекција на Долче и Габана е во знакот на американската култура што се отсликува на и на креацијата што Наоми Кембел ја носеше на ревијата – во корсетиран фустан со принт од Њујорк ноќе и со украс на главата во стилот на Статуата на слободата. На ревијата и остатантите манекенки носеа креации со американски референци, помешани со цветни композиции со сицилијански стил, многу крзно, пердуви, светки, реси и масивни орнаменти. Алта мода е италијански пандан на француската висока мода (haute couture).
A post shared by Dolce & Gabbana (@dolcegabbana) on
A post shared by Dolce & Gabbana (@dolcegabbana) on
A post shared by Dolce & Gabbana (@dolcegabbana) on
После ревијата следеше голема забава на која настапи Рита Ора.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари