Кога онлајн продавницата Amazon најави дека ќе продава модни колекции, никој тоа сериозно не го сфати, но сега успешно испорачува мода од други брендови и се фокусира и на сопствена марка. Еве ја и новата кампања за пролет 2017 во која се појавуваат супермоделот Керолин Марфи и манекенките Андреа Диакону и Тао Окамато. Фотографиите и видеото од кампањата ги подготви Кас Бирд, а го опишуваат чувството кога ќе добиете нова пратка со вашата нарачка. Интернет гигантот преку пролетната кампања предлага неколку стилови со класични парчиња, бохо креации за стилските ѕвезди, цветни дезени на романтичарките, по нешто за оние што преферираат луксуз или минимализам. Стајлингот е на Кејт Јанг.
Нема коментари