Вчера во Шангај се одржа најисчекуваната ревија за долна облека на американскиот бренд „Викторија сикрет“, на која беа претставени 88 различни комбинации, 38 пара бајковидни ангелски кријла и еден градник со скапоцени камења вреден 2 милиона долари.
Преку 3000 гости на ревијата ја погледнаа новата колекција на „Викторија сикрет“, меѓу кои креациите од соработката со модната куќа „Балман“, разни серии на долна облека и крилја украсени со Сваровски кристали, модели поделени во неколку тематски дела, од кои највпечатливи беа оние инспирирани од африканското племе Масаи. На пистата прошетаа Адријана Лима, Карли Клос, Бела Хадид, Кендис Свонпул, Стела Максвел, а манекенката Алесандра Амбросио изјави дека ова е последен пат што се појавува на ревија на брендот. Бразилката Лаис Рибеиро го носеше најскапиот градник од 2 милиона долари, Phantasy Bra, во кој се вметнати 6.000 дијаманти, сафири и топаз тешки 600 карати.
Именувана како најгламурозна и најсектакуларна ревија која се чека цела година, околу овој настан на „Викторија сикрет“ се вртат многу пари и ПР кој креира огромна еуфорија, но годинава се појавија повеќе проблеми и мини скандали. На некои не им беа дозволени визи за влез во Кина, на пример на Кети Пери поради една позвраноста со Тајван, на манекенката Џиџи Хадид поради една фотогафија на која според Кинезите се измејува на косите очи. Визи не им беа дозволени и на голем број на модни блогери и на руските у украинските манекенки. Настанот го следеа и други организациски проблеми, а се појави и веста дека кинеската полиција ја прекинала забавата после вчерашната ревија.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари