• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

Џенифер Анистон тајно се венча со Џастин Теру во дворот на својата куќа

Од stylist @StylistMKD · На август 7, 2015

Jennifer Aniston's Bel Air home.

Џенифер Анистон и Џастин Теру се венчаа во средата вечер, пред 70-тина блиски пријатели, во дворот од нејзиниот раскошен имот во Бел Ер, Лос Анџелес. Свадбата била организирана во тајност, повеќето гости мислеле дека доаѓаат на традиционалната роденденска забава на Џастин, па биле изненадени кога сфатиле дека присуствуваат на сосема поинаква веселба. Всушност, само најблиските знаеле што се подготвува. Сајтот TMZ беше првиот медиум кој извести дека се случува некаква забава во куќата на Џенифер, објавувајќи папарацо фотографии од настанот, од торта со ликови од „Мапети“ до поглед на дворот, потоа свештено лице, како и автомобили со познати личности како пристигнуваат на имотот. Забележани се колешките Лиза Кудроу и Кортни Кокс, пејачката Сиа, Челси Хендлер, Џими Кимел, Емили Блант и Џон Красински, Елен Деџенерис. Неколку часа подоцна списанието People потврди дека Анистон и Теру навистина се венчале.

2

Tmz.com објави папарацо фотографии од свадбената веселба

Она што е интересно е изгледот и декорот. Свадбата се случи во дворот на куќата на Анистон вредна 22 милиони долари, а за да се добие повеќе простор, базенот е покриен со дрвена конструкција со што е отворен простор за мала музичка бина, подиум за танцување и неколку удобни гарнитури за седење и лежерно дружење. На едната страна се поставени маси и табуретки (наместо столици), а на другиот крај е големиот шанк. Според папарацо фотографиите може да се забележи дека декорот е едноставен, ослободен од кич и со минималистичко осветлување. Засега нема информации за храната што се служела, каква музика се слушала и слични детали. Следниот ден само беше откриено дека соседната куќа, во која во моментот никој не живее, била користена како простор во кој се чувале работите потребни за свадбената забава. Масите, столиците, пијалоците, и другите реквизите биле пренесени во последните денови преку тајна патека меѓу двете куќи, скриена од дрва.

3

Ова може да послужи како идеја за органзирање свадба на отворено, нели?

По долгогодишна врска Анистон стапи во брак со актерот и сценарист Теру, како и по повеќе од десетгодишно приусуство во таблодите со наслови како „Кутрата Џен“, кои следеа по разводот со Бред Пит и неговата врска со Анџелина Џоли. Дел од американските публикации го поставија прашањето „А за што ќе пишуваат сега таблоидите!?“. Исто така симптоматично е што венчавката се поклопи со промоцијата на првиот трејлер за новиот заеднички филм на Пит и Џоли, By the Sea.

5

Познатите водители Елен Деџенис и Хауард Стерн доаѓаат на забавата

Џастин ТеруЏенифер Анистонвенчавкаживотен стилзабава на отвореносвадбахоливудски ѕвезди
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • Денови на хуманост-1 животен стил со...

    Од денеска до петок „Денови на хуманост“ за помош на бeгалците од Украина во Мош бар

  • Photo 1 (1) животен стил со...

    Проф. д-р Тониќ Рибарска: Концептот на ,,намалување на штети” може да ги минимизира штетните ефекти од тутунот

  • Bonux животен стил со...

    „Уживај во пролетта со Бонукс“ во Веро Маркетите

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • H&M

    Модниот бренд H&M конечно во Македонија – летово се отвора првата продавница во Скопје

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • PARIS HAUTE COUTURE FW22

    PARIS HAUTE COUTURE: Видео преглед на новите колекции на висока мода

    јули 6, 2022
  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • 1 Massimo-Dutti

    Колоритен летен стил по предлог на Massimo Dutti

    јули 4, 2022
  • dolgi fustani (1)

    Макси фустани за долго топло лето

    јули 4, 2022

Убавина

  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022
  • celulit 1

    Брзински план против целулитот

    јуни 6, 2022
  • neon french

    #NeonFrench – Пролетен француски маникир со флуоресцентни врвови

    мај 28, 2022

Живот

  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022
  • design icons stylist

    Design Icons: Изложба на култни дизајнерски парчиња мебел од иконите на модернизмот во салоните на „Смарт ливинг“ и „Каре“

    јуни 2, 2022
  • Денови на хуманост-1

    Од денеска до петок „Денови на хуманост“ за помош на бeгалците од Украина во Мош бар

    мај 25, 2022
  • 1

    Овални и заоблени каучи – ретро тренд на мебел што се врати во мода

    мај 25, 2022

Култура

  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022
  • msu

    Европските уметници Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, а дел од нив ќе ги подарат на музејот

    јуни 23, 2022
  • unnamed (2)

    Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен

    јуни 15, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics