Актерската двојка Мила Кунис и Ештон Кучер на страниците на архитектонското списание Architectural Digest го откри својот нов дом од соништата, осмислуван, дизајниран и изграден на голем имот во Лос Анџелес. Целиот процес траел пет години и Мила и Ештон својот дом нагалено го нарекуваат КуКу фарма. За AD тие објаснуваат дека куќата е одржлива и велат дека имале желба нивниот дом да е во стилот на селските куќи карактеристични за американските фарми.
-Сакавме куќата да изгледа како стара штала, некоја градба што била тука со децении, а потоа била претворено во куќа. Но, сепак, да изгледа модерно и релевантно – изјави Ештон за Качер за Architectural Digest за имотот на кој тој живее заедно со сопругарата Мила и децата Вајат и Димитри.
Својата идеја за дом во одржлив манир Мила и Ештон ја открија на страниците на јунскиот број на Architectural Digest. На имотот има главна куќа која е поврзана со градба во стилот на стара штала, место за дружење и за престој на гостите, потоа има една помала градба што е павиљон за правење скара, базен и многу зеленило.
Импозантно изгледа главната дневна соба со висок плафон, со чуден спој на бетонски ѕидови и под направен со искористување на старо и веќе користено дрво. Но, собата благодарение на кристалнит лустер и меката кадифена софа изгледа доста топло и комфорно, дури и гламурозно.
Имотот е естетски пријатен, но и одржлив. Се напојува целосно од фотоволтаици, а двоката дури и ја бере сопствената храна од нивата што ја засадиле додека за време на пандемијата седеле дома.
Нема коментари