На 25 ноември во Младинскиот културен центар ќе биде отворена „Архиметрии“, прва самостојна изложба на фотографии на архитектот и архитектонски фотограф Андријана Тилиќ. Проектот има уметничко-истражувачки карактер и ја афирмира естетиката на архитектнската фотографија.
Проектот има за цел да го истражи архитектонскиот јазик на модерната, но и на современта архитектура воопшто, да ја предочи заемната длабока врска на фотографијата како медиум и архитектурата. Да ги истакне посебноста и значењето на архитектонската фотографија, како релевантен визуелен медиум, како и промовирање и документирање на архитектонското домашно и странско наследство.
Нема коментари