Пејачката Аријана Гранде го доби првиот ангажман во голема модна кампања, и тоа како заштитно лице на колекцијата за есен-зима 2019 на париската модна куќа „Живанши“. Таа позира пред објективот на Крег Мекдин во неколку комбинации креирани од Клер Вејт Келер – раскошна блуза со спуштени раменици, сив капут, шарен фустан, костим во зелена боја, а го промовира и новиот модел на чанта Eden.
-Горда сум што сум ново лице на „Живанши“, куќата на која секогаш ѝ се восхитував, и сега да бидам дел од тоа семејство е голема чест. Ја обожавам облеката, како и довербата и радоста што им ја овозможува на луѓето што ја носат – изјави Аријана за соработката.
View this post on Instagram
Нема коментари