Вековната македонска традиција добива нов живот преку заедничкиот авторски проект на Ателје Креација и Le Brand Studio, инспириран од орнаментиката на мијачкото свадбарско знаме, еден од најпрепознатливите симболи на Галичката свадба и македонското културно наследство.
Во центарот на проектот е уникатна дизајнерска чанта која ја пренесува симболиката на љубовта, достоинството, припадноста и наследството што со векови се пренесува од генерација на генерација. Орнаментите кои некогаш гордо се вееле низ калдрмите на Галичник, денес се преточени во современ дизајн што го поврзува минатото со сегашноста.
Овој проект не е само моден производ, туку и порака дека традицијата може да живее и надвор од музеите во секојдневието, преку предмети создадени со почит кон сопствените корени и со современ дизајнерски израз.
Чантата е наменета за жената која знае дека вистинската елеганција произлегува од идентитетот и културното наследство. За жената која со гордост ја носи својата приказна, без разлика дали чекори низ градските улици или се навраќа кон своите корени.
Со оваа заедничка креација, Aтелје Креација и Le Brand Studio испраќаат силна порака дека македонската традиција не е само спомен од минатото, туку неисцрпен извор на инспирација за современото творештво и идните генерации.
Постојат приказни што не се раскажуваат со зборови, туку со симболи.
Инспирирана од орнаментиката на мијачкото свадбарско знаме, оваа чанта ја носи во себе нишката на една вековна традиција на љубовта, достоинството, припадноста и наследството што се пренесува од генерација на генерација.
Она што некогаш гордо се веело низ калдрмите на Галичник, денес е преточено во современ дизајн.
Не како спомен од минатото, туку како негово продолжение.
Создадена за жената што знае дека вистинската убавина има корени.
За жената што со гордост ја носи својата приказна низ улиците на градот, но секогаш со срце свртено кон традицијата.
Традицијата не ја чуваме во музеите. Ја носиме со себе.






























Нема коментари