Во Сомерсет Хаус во Лондон вчера беше отворена изложбата посветена на еден од најзначајните модни фотографи на 20. век Ги Бурден (Guy Bourdin: Image-maker), а која содржи некои од неговите најпознати фотосесии, филмови направени за време на снимањето на фотосесии, негови недовршени уметнички дела и за првпат серијата Walking Legs, која вклучува женски нозе фатени до листот. Комбинирајќи секс, насилство и црн хумор во своите фотографии, Ги Бурден успеваше да им пркоси на конвенциите преку својот уметнички израз, да претстави надреална слика за модата и да интригира преку своите модни фотографии. Познат по употребата на интензивната техниколор-палета во своите дела, Бурден највактивен беше во 60-тите и 70-тите години кога најчесто соработуваше со париски Vogue и со дизајнерот на чевли Шарл Журдан. Изложбата ќе биде отворена до 15 март следната година.

Vogue Paris, 1977
Нема коментари