Поттикнат од филмот „Да се биде Џон Малкович“ и со желба да направи омаж на најпознатите и најиконски фотографии, уметникот Сандро Милер создаде серија на фотографии со актерот Џон Малкович на кои тој морфира во ликовите на Дали, Енди Ворхол, Џон Ленон, Че Гевара, Пикасо, Алберт Ајнштајн, па дури и Мерилин Монро. Забавно, убедливо и со моќ на камелеон Малкович се трансформира и во ликови како сестри близначки или ликот на жена од една позната фотографија на Доротеа Ланг од 1934 година. Делата на Сандро ќе бидат поставени на изложбата наречена „Малкович, Малкович, Малкович: Омаж на мајсторите на фотографијата“, што ќе биде отворена на 7 ноември во галеријата на Кетрин Еделман во Чикаго.
Нема коментари