После успешното прикажување на македонскиот филм „Исцелител“ на отворено во Градскиот парк во Скопје и на барање на публиката продолжува концептот на #outdoorcinema. Град Скопје, Кино Милениум и МКЦ овој пат ве канат на бесплатна проекција на документарниот филм Avec l’amour на режисерот Илија Цветковски и продуцентот Атанас Георгиев.
Проекцијата е закажана за 21 јуни, со почеток во 22 часот, во Градскиот парк, на ледината кај 8 чешмички(потегот помеѓу споменикот на Гоце Делчев и јужната трибина на Градски стадион).
Организаторите информираат:
Обезбеден е превод на филмот на англиски јазик.
Lotus chairs/bean bags имате на располагање од страна на организаторите, но пак ви предлагаме да си понесете камперско столче или ќебенце во случај да се зафатени.
Понесете си храна и пијалаци по желба.
За отпадоците не мора да ви кажеме затоа што сите бевте доволно фини и ги собравте по проекцијата на Исцелител. Се надеваме дека и по оваа проекција ќе бидете во исто расположение
Дојдете ни пак да си уживаме на отворено кино и прекрасниот филм за професорот Дионис Пашлаков. Се гледаме со пуканки во ГРАДСКИ ЛЕТЕН ПАРК 2018!
Нема коментари