• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
Убавина 0

АVON го лансира новиот парфем Her Story: ТАА е секогаш во центарот на нашето внимание, нејзината приказна инспирира!

Од stylist @StylistMKD · На февруари 18, 2020

AVON SLIKA 5

AVON испишува ново поглавје во својата историја и го лансира новиот мирис Her Story како признание за секоја жена: ТАА е секогаш во центарот на нашето внимание, нејзината приказна инспирира!

На самиот праг од 2020-та година AVON и официјално стана дел од семејството на Natura & Co., креирајќи ја четвртата по големина козметичка групација во светот. Со лансирањето на мирисот Her Story отвора ново, силно поглавје во својата историја на постоење и борба за добросостојбата на жените

Приказната на компанијата AVON која брои веќе 134 години, оваа година се проширува и надградува со тр ансакцијата која на 3-ти јануари годинава го означи создавањето на четвртата по големина козметичка куќа во светски рамки. Имено, компанијата AVON стана дел од семејството на холдингот Natura & Co, составен од уште 3 други брендови познати во светски рамки: бразилската компанија Natura, англиската The Body Shop и австралиската Aesop, што претставува голем исчекор во градењето на групација која ќе функционира со повисока цел и со поинаков начин на делување. Официјално, акциите на Natura &Co започнаа да се тргуваат на берзата во Њујорк (NYSE) на 6-ти јануари оваа година.

942_main

Комбинацијата на Avon, Natura, The Body Shop и Aesop значително го засилува досегот на мултиканалната и мулти-бренд групација која ќе биде неприкосновен лидер во светот на директна продажба, носејќи ја убавината до над 200 милиони корисници ширум светот во секое време, насекаде, секојдневно, преку повеќе канали, пристапни места и врвни брендови.

Natura &Co ќе има водечка позиција во продажбата заснована на меѓусебни релации, онлајн и офлајн, преку Avon и Natura, со над 6.3 милиони Претставници и Консултанти. Групацијата исто така, ќе има силна позиција во малопродажбата со над 3.000 продавници и проширено дигитално присуство кај сите свои брендови. Natura &Co ќе генерира годишен бруто приход од над 10 милијарди долари, вработува над 40,000 луѓе, изобилува со широко и комплементарно продуктно портфолио во клучните категории и има глобално присуство во преку 100 земји во светот.

AVON SLIKA 3

„Како компанија која има повисока цел, Natura &Co и AVON како нејзин составен дел, ќе има уште посилен глас да ги застапува каузите кои целат кон финансиска независност на жените, борба со климатските промени, развој на козметика која не се тестира врз животни и воспоставување на силни врски со локалните заедници, и сé останато што е дел од сопствените уверувања и значи подобар начин на бизнис делување преку позитивно социјално, економско и влијание врз животната средина. Дополнително, како жена, горда сум што на челната позиција на AVON во моментот се наоѓа Анеџела Крету, првата жена која доаѓа од пазарот на Југоисточна Европа, што е исто така значајно за поголем развој на пазарите од овој регион, во кој спаѓаме и ние”, изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба во AVON Македонија.

И токму како симбол на новата приказна на AVON како дел од уште поголемо семејство на компании со своја лична култура, углед и делување, а и во годината кога AVON во Македонија слави свој сопствен јубилеј – 15 години постоење на пазарот, на пазарот се лансира уште еден нов впечатлив мирисен концепт, парфемот Her Story.

avon her story

 

Новиот концепт наречен Her Story преку својата мирисна композиција ја раскажува животната приказна на секоја жена

Креиран од светски познати парфимеристи, Her Story со цветот ирис во својата срцевина што значи мудрост, храброст, вредности, доверба и моќ, но и наклоност, восхит и надеж, ја гради приказната на жената полна со самодоверба, подготвена да се бори за своите соништа.

Мастер-парфимеристката Онорин Бланк е жена која ги комбинира недвосмислената лична сила, со сензибилитетот на вистински уметнички дух. Таа не ги мириса нејзините мириси – таа ги чувствува. Таа, заедно со парфимеристот Адилсон Рато се креаторите на мирисот Her Story.

„Адилсон и јас бевме мотивирани да создадеме интензивен мирис со јасен печат, кој ќе побуди чувство на моќ и храброст кај жената што го носи. Се инспириравме од жените кои се издвојуваат од толпата, се охрабруваат да го искажат својот став и не се плашат да дозволат нивниот глас да се слушне. Ова е мирис за тие жени, но и за сите други жени кои тежнеат кон тие особини”, вели Бланк.

AVON SLIKA 4

„Со Онорин сакавме да создадеме мирис кој ќе изрази почит кон модерните хероини: жените полни со самодоверба и храброст која сите ја ценат! Јас особено им се восхитувам на жените кои имаат контрола врз сопстените животи и стојат цврсто на земја. За мене тие не се само хероини, јас сакам да ги викам SHERO (ТАА-ХЕРОЈ)! ”, вели парфимеристот Рато.

Во основата на мирисот, пачулито ги открива елегантните и моќни дрвенести тонови, нагласувајќи го карактерот на жената која ја испишува својата сопствена приказна. Во срцето на мирисот пак, отмениот ирис остава впечатлива трага и го завзема централното место на оваа креација со екстремна софистицираност. На крајот, во горните ноти се наоѓа розовиот бибер кој ја претставува женската енергија и подготвеност за борба за остварување на сопствените соништа.

Овој инспиративен мирисен концепт доаѓа во минималистичко, модерно пакување кое е во релација со приказните на жените – тие се несовршени, но секоја од ние е навистина посебна. Црвеното цевче кое го преселува мирисот од шишенцето до површината на кожата е симбол на животната нишка – инспириран од приказните од минатото, сегашноста и иднината!

AVON SLIKA 2

Како да дојдете до Her Story?

Новиот мирис Her Story е достапен за порачување преку претставничката мрежа на AVON, а може да се порача и онлајн. Комплетната интерактивна брошура од Кампања 03 е достапна овде.

AVON LUGJE 1

Зa AVON

Над 130 години AVON се залага за жените: преку понуда на иновативни, квалитетни производи за убавина кои примарно се продаваат на жените, преку жените. Милиони независни Претставници ширум светот ги продаваат врвните AVON брендови како AVON Color и ANEW преку социјалните мрежи, градејќи ги сопствените бизниси за убавина со целосно или скратено работно време. AVON ја поддржува финансиската независност на жените, претприемаштвото и добросостојбата и донираше над 1 милијарда долари за женските каузи преку AVON и AVON Фондацијата. Повеќе информации за AVON и неговите производи на www.avonworldwide.com. #Stand4Her

За NATURA & CO.

Како резултат на здружувањето на Natura, Aesop и The Body Shop, корпоративниот бренд Natura &Co го консолидира создавањето на глобална, мулти-канална и мулти-бренд групација со јасна цел. Трите компании кои ја сочинуваат групацијата се посветени на генерирање на позитивен економски, социјален и општествен ефект. Основана во 1969 година, Natura е бразилска компанија во сегментот козметика и лична нега и лидер во директна продажба. Основана во 1976 година во Брајтон, Англија од Анита Родик, The Body Shop е глобален козметички бренд кој има цел да направи позитивна промена во светот. Австралискиот козметички бренд Aesop е основан во 1987 година, со намера да креира премиум палета на производи за кожа, коса и тело.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • eucerin калеидоскоп

    Најлесната и најефективната формула за заштита од сонце

  • sinclair Убавина

    Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

  • 1 eucerin Убавина

    Искуство: Борбата со хиперпигментацијата се претвори во уживање за изедначен тен и сјајна кожа

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics