• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
животен стил со... 0

AVON со нова донација и силна поддршка во борбата за спречување насилство врз жените

Од stylist @StylistMKD · На март 9, 2023

IMG-1aa5b509990c7cdd7e89e653681204a9-V

Поразителен е податокот дека денес една од три жени доживува насилство или злоупотреба во текот на својот живот. Насилството врз жените е најраспространето кршење на човековите права во светот! Ситуацијата не е ништо поразлична ни во Македонија. Тоа е нешто што не треба да се случува!

Затоа Авон како компанија која ги поврзува луѓето, и е дел од секојдневието на секоја жена, независно од нејзината возраст и образование, континуирано поддржува проекти и здруженија од хуманитарен карактер отсликувајќи ја својата заложба за подобар и поквалитетен живот за сите, и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност.

-Ние во Avon веруваме во свет без семејно насилство. Среќни сме секогаш кога ќе ни се даде можност за поддршка и финансирање на проекти со кои излегуваме во првата борбена линија против семејното насилство. Од оваа определба нема никогаш да се откажеме. Ќе продолжиме со поддршка и напорна работа се додека не се осигураме дека жените и девојките се разбрани и фер третирани кога бараат помош или кога пријавуваат злоупотреба – изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба – Avon Македонија.

IMG-8b73857e240eb6de131eb9c320f83658-V

Оваа година, симболично само на ден после интернационалниот ден на жената, Avon Македонија повторно донира износ од 1.500.000 ден. на кризниот Центар Надеж, за реализација на проектот ВИЕ ЗБОРУВАТЕ – НИЕ СЛУШАМЕ. Средствата се собрани од продажбата на АVON производите означени со знакот за бесконечност – Стоп за насилство врз жени. 100% од профитот од овие производи е наменет за фондацијата Борба против семејно насилство.

Avon Македонија со години соработува со својот партнер Кризен Центар Надеж и финансира витални услуги за спасување на животи, а досега се донирани 17000$ за поддршка на повеќе проекти на овој центар.

Со денешната донација ќе бидат подржани следните активности на центарот: 24 часовна Национална СОС линија за помош и информации во секое време; Обезбедување првична и интервентна финансиска помош на жртвите на семејно насилство кои го напуштаат шелтерот (КЦ Надеж ќе им обезбеди на жените жртви ваучери од различни компании за набавка на храна, облека, лекови и хигиенски средства); како и обезбедување безбеден привремен престој за жртвите во времетраење од 24-48 часа.

IMG-655020caf1038ab3ef3be7654bab5088-V

Подетални информации за намената на донираните средства:

• Психо-социјална помош и поддршка на жртви на семејно насилство преку Национална СОС линија:

На жртвите им е потребна 24 часа достапна СОС телефонска линија за помош на која можат да се јават во секое време и да побараат информации, помош, поддршка или да бидат упатени до најблиските и најсоодветните институции или други услуги за да се надмине ситуацијата со која се соочуваат.

• Обезбедување првична и интервентна финансиска помош на жртви на семејно насилство кои го напуштаат шелтерот:
Една од главните причини поради кои жртвите на семејно насилство не одлучуваат да го напуштат домот е економската зависнот од насилникот. КЦ Надеж ќе им обезбеди на жените жртви ваучери од различни компании за набавка на храна, облека, лекови и хигиенски средства. Секоја од згрижените жртви пред да замине од шелтерот, ќе добие ваучери за да може да си набави тоа што е потребно за неа и нејзините деца. КЦ Надеж ќе склучи договори со соодветни фирми од каде што жртвите ќе можат да си купат добра што им се потребни за првичниот период по напуштање на шелтерот.

• Oбезбедување безбеден привремен престој за жртвите во времетраење од 24-48 часа.

Жртвите на семејно насилство често имаат потреба да бидат изолирни од насилната средина. Во оваа насока, потребно е безбедно сместување за истите во период од 24-48 часови и повеќе доколку се појави потреба.

IMG-4ebceb3fb360d2d40a975d6247857060-V

Национална СОС линија 15 -315

За Avon
Avon е компанија која што веќе 136 години се занимава со убавина. Тоа е компанија која ги поврзува луѓето, користејќи ја моќта на убавината за да ги трансформира животите на подобро. Милиони претставници ширум светот ги продаваат брендовите на Avon преку нивните социјални мрежи, градејќи свои бизниси за убавина на полно или скратено работно време. Аvon се залага за родова еднаквост и ги слуша потребите на жените, зборува за прашањата кои се важни и создаваат позитивни промени.

Avon и Фондацијата Avon досега има донирано над 1,1 милијарди долари на глоблано ниво, со фокус на справување со семејното насилство и ракот на дојка.

Од 2004 година, Avon Фондацијата за жени придонесe со повеќе од 80 милиони американски долари на глобално ниво за поддршка на свеста, образованието и развојот, и спроведувањето на програмите за превенција и директна услуга.
Но, има уште повеќе да се направи. Заедно мораме да зборуваме за жртвите, бидејќи тишината боли.

IMG-c3bb6abbea33591062cde5421636d877-V

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 животен стил со...

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

  • winter festival животен стил со...

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

  • Poster-so-logoa-story_1 животен стил со...

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics