Гламурот од 70-тите години во фузија со азиски референци и развивањето на темата дека портокаловата е новата црна се клучните точки на новата couture колекција на Џорџо Армани за пролет 2017. На ревијата на неговата линија на висока мода Armani Privè во Париз, дизајнерот претстави вибрантни креации во кои се фокусира на светли нијанси на портокалово, со примеси на луксузната златна и на екстравагантните материјали. Многу често Армани се инспирира од Истокот, овојпат вметна неколку кинески симболи и прикажа долги здолништа инспирирани од индиската „мандала“. Покрај портокаловата дизајнерот ја употреби и црната на долгите свилени фустани кои како да се подготвени за црвениот килим на следните „Оскари“, како и светкави материјали на свечените тоалети. Кога сме кај „Оскарите“, на ревијата во Париз се сретнаат актерките Никол Кидман и Избел Ипер кои само што дознаа дека и двете се номинирани за златната статуетка, и топло се поздравија.
Нема коментари