Педесет и две години по последната ревија на висока мода, модната куќа основана во 1917 година од страна на Кристобал Баленсијага, се враќа на своите корени и ќе претстави haute couture колекција под водство на креаторот Демна Гвасалија
Основана во 1917 година во Шпанија од страна на Кристобал Баленсијага, модната куќа се дислоцира во Париз во 1937 година и се смести на адресата 10 Аvenue Georges V. Со своето беспрекорно мајсторство на облиците, рамената и димензиите, и користењето на интензивно црната боја што стана негов потпис, Кристoбал Баленсијага се смета за еден од најголемите дизајнери на 20-от век и господар на високата мода. За да ја прослави оваа негова умешност, Демна Гвасалија, кој е уметнички дирктор на модната куќа од октомври 2015 година, го најави враќањето на „Баленсијага“ на официјалниот париски haute couture календар и во јули 2020 ќе претстави колекција на висока мода.
„Високата мода е темелот на оваа куќа, така што моја креативна и визионерска должност е да ја вратам високата мода назад. За мене, couture е неистражен начин на креативна слобода и платформа за иновации. Таа не само што нуди друг спектар на можности во облекување, таа исто така ја враќа модерната визија за Баленсијага до изворите на потекло“, нагласува Демна Гвасалија. Педесет и две години откако основачот на модната куќа одлучи да се пензионира, високата мода се враќа назад во „Баленсијага“.
Нема коментари