На црвениот килим од отворањето на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција најдобар изглед прикажа американската актерка Ема Стоун која токму на престижниот фестивал премиерно го претстави својот нов филм Birdman. Стоун за премиерата одбра долг фустан со длабоко деколте од нежен тул во темнозелена боја, дизајн на модната куќа „Валентино“, поточно модел од колекцијата на висока мода за есен 2014.
Актерката исто така имаше нова фризура, модерна варијанта на боб-фризура, а нејзината црвенкаста коса одлично се слага со зелеланата нијанса на фустанот. Таа изгледаше романтично, но во исто време модерно, а изгледот го дополни со златна клач-чанта и златни сандали од Џиму Чу. За пофалба се и неколкуте дневни варијанти во кои Ема беше забележана на прес конференција и во прошетка низ Венеција со нејзиното момче Ендрју Гарфилд.
Нема коментари