Во пресрет на доделувањето на филмските награди „Оскар“ на 28 декември, вчера во Лос Анџелес се одржа традиционалниот оскаровски ручек организиран во чест на номинираните. Следниве номинирани актерки покажаа највпечатлив и најдоследен стил на настанот – Џенифер Лоренс избра црн костим со широки панталони од Стела Макартни, Рејчел Мекадамс краток фустан во нежна боја, а Руни Мара бела креација украсена со цветови од Џамбатиста Вали. Бри Ларсон се појави во комплет од пастелно розова кошула и здолниште со мотив на очи од Емилија Викстед, а младата Серша Ронан во интересен костим со шорцеви и со романтична кошула од Лаура Баси. Алисија Викандер, која сè повеќе се наметнува со својот талент, но и со стилот, носеше фустан со едноставен крој од „Луј Витон“. За ваков настан вообичаено се бираат посмирени, но доволно впечатливи стајлинзи кои доликуваат за значаен, дневен настан.
Нема коментари