Знаеме дека Соланж е модната икона во семејството Ноулс, нејзината постара и далеку попозната сестра колку и да се труди да се презентира како модно освестена пејачка, ѝ недостасува онаа смелост што ќе ја издвои од останатите. Дека Соланж може пријатно да изненади е нејзиниот изглед за неодамнешната забава на Martell Cognac во Версај, на која што се појави во црно-бел комбинезон со огромна панделка во задниот дел од колекцијата на висока мода на Стефан Ролан за пролет-лето 2015. Структурлниот и набран дел е добро избалансиран е добро избалансиран со едноставниот крој на панталоните, а Соланж овој величестевен комбинезон го комбинирала со накит од „Репоси“ и „Катри“.
Нема коментари