• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Beach Film Festival во Охрид со европски филмови од 19 до 23 јули

Од stylist @StylistMKD · На јули 18, 2023

bff1

Гледај филмови на Beach Film Festival и освој дополнителни поени во предизвикот за филмскиот фестивал во Венеција –

Во екот на туристичката сезона во Охрид и оваа година се оддржува шесто издание на Beach Film Festival од 19 до 23 јули 2023 година. Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, мастер класови и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински Центар Охрид.

Годинава публиката ќе има можност да погледне 8 долгометражни играни филмови, 16 краткометражни, 9 студентски, 5 француски (земја во фокус Франција), и 4 специјални проекции. Фестивалот се отвора со краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, а ќе се затвори со словенечкиот филм „Нешто слатко“. Филмска екипа од филмовите, Јелена Јованова, Сашко Коцев, Елеонора Венинова, Гоце Кралевски, Александра Карделевска, ќе ги претстават своите филмови пред охридската публика.

Beach Film Festival секоја година расте, не само квантитативно со бројот на филмови, кои се прикажуваат, но и квалитативно со изборот на европски филмови, кои смело ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на жените итн. Фестивалот од година во година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика, која го одбира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот.

-Од првата година имаме поддршка од Агенција за филм на Р.С.М., која ги подржува сите наши замисли, потоа град Охрид, со којшто имаме многу години успешна соработка и веќе сме домашни таму и од годинава ќе потпишеме официјален меморандум и Beach Film Festival ќе се преименува во Охрид филм фестивал, Министерство за култура, исто така и Кинотека на Северна Македонија, Француски Институт, European Film Challenge, а секако ни е важна и соработката со комерцијални спонзори како Халк Банка, коишто со години нѐ подржуваат и се залагаат за развој на култура, ДМ дрогерии, коишто со својот летен асортиман совршено ја заокружуваат ова летна приказна и многу други – велат организаторите.

И оваа година, по трет пат, фестивалот е поддржан и од Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge, EFC), кој е достапен за повеќе од 100 милионска публика во 12 држави од Европа вклучувајќи ја и Северна Македонија. Европскиот филмски предизвик низ годините развива и поврзува мала, но значителна заедница, на љубители на европскиот филм и инди киното, која активно го користи просторот за забава, откривање, препорачување и споделување на најдобрите европски остварувања.

Во моментов е активен предизвикот за Венеција, кој победникот ќе го однесе на филмскиот фестивал во Венеција (Biennale Cinema 2023), а правилата за учество се исти: во тек на 10 недели, од 19 јуни до 27 август 2023 год., да се погледнат 10 европски кинематографски остварувања на фестивали, во кино сали, телевизија или на легални VOD платформи, за што се добиваат различен број на поени. Овогодинешниот Beach Film Festival, на публиката, за секој изгледан долгометражен филм од програмата ѝ носи дополнителни 40 поени, а со тоа и поголеми шанси за победа.

-За Европскиот филмски предизвик Beach Film Festival е од големо значење како културен настан во државата, бидејќи привлекува млада публика (18-35 години), која е исклучително тешко во денешно време да ја анимираш и ангажираш да гледа европски кинематографски остварувања, кога на сите платформи се промовираат сензационалистички холивудски филмови. Поттикнувајќи ја филмската писменост, промовирајќи европски аудиовизуелни дела и фестивалите, EFC служи како доказ за моќта на киното во премостувањето на културите, промовирањето на различностите и разгорувањето на страста за раскажување приказни. Без разлика дали сте филмофил, млад филмски режисер или едноставно поединец, кој сака да го истражи богатството на европската кинематографија, Европскиот филмски предизвик дава исклучителна можност да започнете филмско патување – велат од Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“, кој го реализира проектот.

 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ културен водич

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics