Модниот бренд Зара за оваа сезона понуди различни верзии на бел фустан, моден класик кој сакаме да го носиме во топлите месеци. Во своите последни кампањи брендот предлага повеќе интерпретации на бел фустан, кои можат да се носат и во дневни и во вечерни пригоди. Изборот е на тесни миди верзии, модели од памук со дупчиња, мини фустани од сатен, со изрези или со нагласени ракави, или на фустани со крој на кошула.
Нема коментари