Легендарната бунтовна русокоса Бети Катру, една од најблиските пријателки на модниот креатор Ив Сен Лоран и негова долгогодишна муза, повторно ги носи моделите на куќата основата од Ив, како заштитно лице на кампањата на „Сен Лоран“ за есен-зима 2018/19. Ентони Вакарело кој сега креира за „Сен Лоран“ навраќајки се творештвото на Ив во новите колекции, посегна по андрогениот стил и комбинациите со смокинг од 70-тите и 80-тите години, па му се виде соодветно да ја повика Катру, модна икона од тој период и муза на основачот на париската модна куќа кој Бети ја сметаше за своја „близначка“.
Бети Катру која е во осмата деценија од животот, иако долго време е модните кругови, за првпат се појавува во модна кампања. Таа позира во црна кожна јакна и во смокинг-сако со светкав ефект од колекцијата на Вакарело за „Сен Лоран“ за идната есен. Кампањата ја фотографираше Дејвид Симс.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари