Никој не очекуваше ваков настан во рамките на Њујоршката недела на машка мода, но никој не може да оспори дека Бил Нај, познатиот Science Guy, и астронаутот Баз Олдрин, изгледаа одлично како дебитанти на модната писта. Двајцата познати од светот на науката, се појавија на ревијата на Ник Греам на модната недела во Њујорк облечени во светкави креации и покажаа дека науката може да изгледа кул.
Нај (61), научник, машински инженер и водител на детска емисија за наука, препознатлив по тоа што секогаш е облечен во костуми и пеперутка-вратоврски, и на ревијата носеше слична креација. Нај исто беше и наратор на ревијата. Олдрин (87), вториот човек кој стапнал на Месечината (после Нил Армстронг), се појави во финалето на ревијата во сребрена бомбер јакна, и подоцна изјави „дека одењето по модна писта било лесно како и одењето на Месечината“.
Иако неочекувани почетници во модата, Нај и Олдрин совршено се вклопија во презентацијата, бидејќи темата на колекцијата беше „Животот на Марс: есен-зима 2035“. Кога во колекцијата имате мотиви на вселената и иднината, зошто тогаш не би ангажирале научник и астронаут, нели?
Нема коментари