Пејачката Били Ајлиш и јапонскиот уметник Такаши Мураками заеднички креираа колекција на маици за брендот Uniqlo која што ќе биде лансирана на 25 мај. Колекцијата Billie Eilish x Takashi Murakami се состои од неколку дизајни на женски, машки и детски маици со предимензиониран крој и со принтови кои се симбиоза на иконографијата од деби албумот на Ајлип и илустрациите во манга-стил на Мураками.
Ова не е првпат Били и Такаши да соработуваат, минатата година Мураками сними анимирано видео за спотот за песната You Should See Me in a Crown на Ајлиш.
Нема коментари