• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
културен водич 0

Битола домаќин на фестивалот за краткометражни филмови „Balkans Beyond Borders“

Од stylist @StylistMKD · На октомври 18, 2022

image2-10

Градот Битола е избран да биде домаќин на 13. издание на Фестивалот на краткометражни филмови „Balkans Beyond Borders“ кој повеќе од една деценија функционира како тематски фестивал на краток филм кој секоја година се одржува во различен европски град, со посебен фокус на Југоисточна Европа.

Под мотото „Одлепување на мозаикот” од 19 до 22 октомври, 56 кратки филмови, фото маратон, неколку работилници и богата ОФФ програма ќе се случуваат во Центарот за култура во Битола, беше соопштено на вчерашниот прес.

-Причината зошто оваа година се одлучивме за насловот „Одлепување на мозаикот” е затоа што ние гледаме дека има потреба да се разбере кои сме ние и кои се луѓето околу нас. И ние не сакаме да имаме категории и да им ставаме имиња на луѓето, но треба да разбереме дека сите сме различни. Затоа нашиот мозаик се состои многу различни видови на личности и тука сме да ги претставиме. Фестивалот се состои од сите типови на жанрови: фикција, документарни филмови, анимирани, експериментални кратки филмови и преку овој начин сакаме да имаме комплетна програма на видови на филмови и исто така да го покриеме целосниот балкански регион – истакна Василики Малтасоглу , директорка на фестивалот која е веќе во градот домаќин.

Менувањето на градовите на овој фестивал е со цел да привлекува нова публика и да промовира меѓубалканска соработка. Во своето 12-годишно патување, овој фестивал се има одржано во Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Софија, Брисел, Нови Сад, Измир, Приштина.

image0-15

-Среќни сме што Битола е избрана да биде домаќин на овој Интернационален фестивал чие седиште е во Атина, Грција. Ни доаѓаат 43 режисери и уметници кои работат во филмската индустрија кои доаѓаат од различни држави од овој дел на Европа, а благодарение на Министерството за култура и Општина Битола и се разбира локалната поддршка од битолски компании успеавме да го реализираме овој фестивал – истакна Милчо Дули од СФЕРА Интернешанал која е локален партнер на фестивалот.

На пресот беше соопштена деталната програма и жирито кое ќе го направи изборот на најдобрите филмови во состав Дина Дума, Танасис Неофотистос и Јелена Мишељиќ.

Сите проекции и планирани активности од ОФФ програмата ќе се одвиваат во Центарот за култура, а влезот е бесплатен.

-Центарот за култура Битола програмски е насочен кон градењето на млада публика особено во делот на филмската дејност бидејќи нашето кино е дел од европската мрежа на кина – Eurоpa cinemas, така што програмски одлично се вклопува овој фестивал во нашите цели и амбиции. Благодарност до овие три организации кои што не избраа нас да бидеме партнери во организацијата на фестивалот, а Битола заради својата фестивалска историја, а и поврзаност со филмот има и капацитет и одлична публика да застане зад оваа организација – изјави Mенче Хаџи Коста Димевска, стручен соработник за филмска дејност во Центарот за култура.

„Balkan Beyond Borders“ е непрофитна организација од областа на културата, со седиште во Атина, Грција и има за цел градење толерантни, инклузивни и демократски општества, со посебен интерес за проширениот балкански регион. За своите активности, во 2011 година е награден од страна на Европскиот парламент со Младинската награда Карло Велики (Charlemagne Youth Prize) за нивниот фестивал, како и за иницијативите за младинска мобилност и нејзиниот фокус на градење на европската идеја.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 2indog културен водич

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

  • yes културен водич

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

  • toska културен водич

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics