• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
трендови 0

Biz-Leisure: новото време ги спои деловниот и лежерниот стил

Од stylist @StylistMKD · На јуни 22, 2020

biz leisure (3)

Бизнис и рекреација – чудните времиња родија чудни деловно-лежерни комбинации

За време на карантинот, за прв пат, многумина од нас ги почувствуваа радостите на работењето од дома. И, иако не секој има деловен кодекс на облекување, во исто време ја почувствувавме разликата помеѓу облеката за работа во канцеларија и за работата од дома. Додека работиме од дома, доколку немаме видео конференција или Zoom состанок, понекогаш едвај облекуваме фармерки, маица, тренерки, неретко остануваме и во пижами. Можеби лежерниот стил не го поттикнува работниот дух, сепак носи удобност, а новите чудни времиња предизвикани од пандемијата на Ковид-19 и примораноста да работиме од дома, нè навикнаа да ги споиме работата и удобноста. Или во моден контекст, ги споивме строгиот деловен изглед со удобниот кежуал стил. Лежерни по дома, ама ако треба да се обратите преку видео врска, долу ќе ги задржите хеланките или некое друго удобно парче, ама горе ќе облечете сако.

biz leisure (1)

Во јазикот на модата, додаваме нов жанр – biz-leisure. Изразот по аналогија се роди о аthleisure, неколкугодишниот тренд на облека погодна за спорт, а која што ја носиме и после спортување. Biz-leisure ја означува облеката што ќе ја носите на следната Zoom конференција, во која ќе се чувствувате пријатно и опуштено – бидејќи сте дома. Доаѓаме до спојот на бизнис и облека за по дома: сакоа и хеланки, кошули со сатенски панталони во пижама-стил, блејзер со долна тренерка, сако и кошула со спортски шорцеви… Горе Zoom состанок, долу Netflix & Chill лежерност.


View this post on Instagram

A post shared by Sacha Elisabeth Anne (@sachaea) on Apr 15, 2020 at 10:12am PDT

 Овој моден жанр сè уште се пробива и обликува. Се појави од потреба, како место каде жените особено сакаат да ја прифатат удобност додека се дома цел ден, но не сакаат да го изгубат чувството за стил. „Додека светот околу нас е сè пострашен и непредвидлив, она што ние ќе избереме да го носиме е еден начин на грижа за себе. Логично е во време на стрес и загуба да гравитираме кон облека што може да предизвика чувство на удобност и смиреност, како мек џемпер или пријатна дневна облека“, смета рече психотерапевтката Мелани Робинсон. biz leisure (4) Изминатиов период ги прифативме тренерките како Инстаграм тренд, на истава социјална мрежа се појави и овој нов biz-leisure тренд, односно тренерки кои понатаму се комбинираат со строго сако или деловни панталони – карантински стил, кој ќе видиме дали ќе заживее и после карантинот. „Комбинирам кошула и сако со спортски градник, хеланки за вежбање и патики, бидејќи сакам да носам #WorkFromHome изглед, кој е лежерен, но и исто така и професионален. Ако хеланките и патики ги носам со дуксер, тоа е веќе викенд-комбинација“, вели инфлуенсерката и консултнатка Стефани Брук. 

 

 

 

View this post on Instagram

 

  A post shared by Stephanie Broek (@stephaniebroek) on Apr 28, 2020 at 8:10am PDT

Biz-Leisure не е само модна естетика, тоа е начинот на кој сакаме да се облекуваме сега, додека се засолнуваме во место кое има повеќе врска со емоциите, отколку со што било друго. Се обвиваме во дебел памук за да најдеме утеха, кашмир за удобност, а сакото нè потсетува на тоа како претходно сме функционирале, што некогаш сме правеле и каде некогаш сме оделе. „Облеката навистина може да влијае на моето расположение и ми требаат блејзер и кошула за да се излажам себеси дека сум во канцеларијата. Исто така сметам дека е важно да изгледаме професионално и репезентативно за време на Zoom состаноците“, вели Брук.

biz leisure (2)

Biz-leisure можеби е нешто ново, но користењето облека како одраз на нашата внатрешна состојба или да влијае на нашата внатрешна состојби, не е ништо ново. Модата што ја избираме е репрезентативна за нашио идентитет, како се гледаме себеси. Од една страна сме навикнати да се облекуваме во деловен дрес-код, ако тоа тоа професијата го бара, но некогаш, барем еднаш неделно, бараме бегствово во удобноста, како начин да се почувствуваме поудобно во ова време на страв и желба за комфорноста што го носеше животот „порано“.

ПРОЧИТАЈТЕ:Мода во време на корона – #СедиДома и носи тренерки


View this post on Instagram

A post shared by G O L D I L O K S (@elkesockeel) on Apr 15, 2020 at 12:11am PDT

Biz-Leisureделовен изгледкарантинкоронавируслежерен стилТренд
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1leopard трендови

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

  • off shoulder трендови

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

  • 1 трендови

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • fwsk

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

    март 30, 2026
  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

    март 28, 2026
  • 1oskar26

    ОСКАРИ 2026: Од црвениот килим на доделувањето на филмските награди

    март 16, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics