Актерката Блејк Лајви почна да го промовира новиот филм All I See is You и тоа значи мноштво интервјуа и гостувања во ТВ емисии, што пак повлекува различни стајлинзи и умно организирање на облеката што ја носи. Само вчера во еден ден смени пет комбинации, сосема различни – од комплетно кариран, два фустана со сосема поинаков изглед и пепито комнинезон до жолто од глава до петици.
Комбинацијата која можеби најмногу ни се допадна е добро скроен костим од панталони и дворедно сако со палто во истата карирана шара, споени со кошула и вратоврска за малку машко-женски микс. За уште помодерен и посмел изглед, следејќи го не само трендот на кариран принт, туку и на војнички чизми, Блејк облече чизми во манирот на „Док Мартинс“ и ги комбинира со чанта во слична боја.
Поженствена беше втората комбинација со комбинезон од „Шанел“ со пепито дезен и длабоко V-деколте. Оваа комбинација актерката ја доврши со чевли од Кристијан Лубутан, мала чанта, впечатливи прстени и обетки.
ФУСТАН СО СВЕТКИ
Малку непредвидливо е да се носат светки наутро, но Блејк го избра токму овој фустан со пулејки од Оскар де ла Рента за учество во една утринска емисија. Го дополни фустанот со салонки со змиска шара и обетки.
Овој син кадифен фустан на преклоп и со асиметрична должина го комбинира со кожен капут во бургунди-нијанса и впечатливо шарени чизми за да добие храбар стајлинг.
ЖОЛТ КОМПЛЕТ
Деликатно е да облечете жолта комбинација од глави до петици како примерот со овој комплет од Брендон Максвел што Блејк го носи. Како и во останатите комбинации, и во оваа актерката избра висечки обетки.
Нема коментари