Актерката Блејк Лајвли последниве денови одржа неколку стилски лекции и ни покажа дека е кралица на женските костими. Таа во неколку различни пригоди додека го промовира својот нов филм A Simple Favor облече неколку модели на костими со панталони, а во ваква креација се појави и на доделувањето на MTV Video Awards – во бел костим со широки панталони од последната couture колекција на Ralph&Russo.
Костимот со панталони одамна е дел од женската гардероба, има мултифункционалност, одговара на деловниот изглед, а во последниве сезони неретко е избор и за свечени пригоди и појавување на црвен килим. Тој е моден избор за Блејк Лајвли во нејзините последни појавувања во јавноста, а ја видовме во различни верзии на ова парче облека – флуоресцентно зелен на Versace, кадифено без ракави на Brunello Cucinelli, со кратки панталони и со впечатлив принт на Bottega Veneta, кариран на Rolland Mouret, бел со линии на Zimmermann комбиниран со блуза од тантела, розов со кратко сако на Vivienne Westwood… Најинспиративни се моделите кои најавуваат еден од есенските трендови на широки ногавици. Мора да се признае дека во костимите Блејк изгледа женствено, современо и доста моќно.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари