Познатата модна блогерка и светска трендестерка Пернил Тајбек избра необична венчаница за својата свадба што се одржа викендов во родната Данска. Пернил се венча со својот долгогодишен партнер Филип Лотко, со кого има и син, а на венчавката на островот Бронхолм носеше венчаница со потпис на Вера Ванг од проѕирна тантела.Фустанот е со долги ракави, ја следи силуетата, но е прозрачна поради транспарентаната тантела. Во горниот дел е збогатена со бисерли перли, во долниот е долга до под и продолжува со шлеп. Необичен дел од фустанот е масивниот бисерен ремен. Блогерката носеше бели чевли од Маноло Бланик, а целиот стајлинг го дополни со природна шминка, лежерна фризура, бисерни обетки од накит и букет полско цвеќе како бидермаер.
..and they lived happily ever after❤️ #lookdelotko2017 A post shared by Pernille Teisbaek (@pernilleteisbaek) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари